Стела на Откровението

Најгорен Регистар (под Крилестиот Диск)
Бехдет (?Хадит?), Големиот Бог, Господарот на Небесата.

Среден Регистар. Две вертикални линии на лево:–
Ра-Характи, Господарот на Боговите.
Пет вертикални линии на десно:–
Озирис, Свештеникот на Менту, Господарот на Теба, Оној кој ги отвара вратите на Нут во Карнак, Ankh-f-n-Khonsu,Праведниот.
Под Олтарот:–
Волови, Гуски, Вино (?), Леб.
Зад богот е хиероглифот на Аменти.

Најнизок Регистар:
Зборува Озирис, Свештеникот на Менту, Господарот на Теба, оној кој ги отвара Вратите на Нут во Карнак, Ankh-f-n-Khonsu, (2) Праведниот:–

Поздрав до Тебе чија слава е голема (многуславен), Ти кој си многу посакуван. О Душо (ба) многу ужасна( дословно моќна, од стравопочит), која го даде ужасот од него (3) помеѓу Боговите, сјаејќи во слава на неговиот голем трон, правејќи патеки за Душата (ба), за Духот (yekh) и за Сенката(khabt): Јас сум спремен и Јас сјаам нанапред како оној што е спремен. (4) Јас направив пат кон местото во кое се Ра, Тум, Кефра и Хатор.
Озирис, Свештеникот на Менту, Господарот на Теба (5) Ankh-f-na-Khonsu, Праведниот; син на MNBSNMT, роден од оној кој го носи систрумот на Амон, Дамата Атне-шер.

Единаесет реда со текст:

Зборува Озирис, Свештеникот на Менту, Господарот на Теба, Ankh-f- (2)na-Khonsu, Праведниот:–

Моето срце од мојата мајка, моето срце (друг збор, веројатно синоим, но веројатно воопшто не е така) на моето постоење (3) на земјата, не застанувај пред мене против мене како сведок, не враќај ме назад (4) помеѓу Суверените Судии (потполно произволен конвенционален превод на оригиналниот збор), ниту се стреми против мене во присуство на Големиот Бог, Господарот на Западот,(Озирис се разбира); (5) Сега кога сум јас соединет со Земјата на Големиот Запад, и не траам повеќе на Земјата.

Зборува Озирис, тој кој што е во Теба, Ankh-f-na-Khonsu, Праведниот:

О Единствен, кој сјаеш како (или во) Месечината; Озирис Ankh-f (8)-na-Khonsu дојде на светлина во височините помеѓу овие кои се твое мноштво. (9) Тој што ги собира заедно оние кои се во Светлината, Подземниот Свет (дуат) е (исто така) (10) отворен за него; Гледај, Озирис Ankh-f-na-Khonsu, доаѓа во светлина (II) преку ден за да прави се што сакал да прави на земјата помеѓу живите .

Advertisements