Бафомет


Книга на Лаги

33
Бафомет

Бафомет – Sopha
{Kappa-Epsilon-Phi-Alpha-Lambda-Eta Lambda-Gamma}

 

Црн двоглав орел е Бог; дури и Црн
Триаголник е Тој. Во неговите канџи носи меч;
да, остар меч тој држи во нив.
Овој Орел е изгорен во Големиот Оган; но ниту
еден пердув не е спален. Овој Орел е проголтан
во Големото Море; но ниту еден пердув не е намокрен. Така
лета Тој во воздухот, и фрла светлина на земјата на Негово задоволство.
Така зборуваше IACOBUS BURGUNDUS MOLENSIS
Големиот Мајстор на Храмот;
и за БОГОТ со Магарешка Глава не се осмели ни да проговори!

*     *     *

Коментар

33 е бројот на Последниот Степен во Масонеријата, кој беше доделен на Братот П. во 1900 година од вулгарната ера од Дон Хесус де Медина-Сидониа во Мексико Сити.

Бафомет е мистериозното име на Богот на Темпларите. Орелот опишан во првиот стих е оној на Темпларите(нема врска со албанци).
Овој масонски симбол, сепак Братот П. го идентификувал со птица, која е господар на четирите елементи, а со тоа и на името Тетраграматон.
Jacobus Burgundus Molensis починал од маченичка смрт во Париз 1314 година од вулгарната ера. Тајните на неговиот ред не беа загубени и сеуште неговите наследници ги пренесуваат на оние достојните, како што е соопштено во последниот дел, кој навестува знаење за тајно обожавање, за кое Големиот Мајстор не зборува.
Орелот може да се поистовети, иако не сосема, со Соколот, за кој е претходно зборувано(се мисли на претходна песна од Книга на Лагите).
Тој е можеби и Сонце, егзотеричен објект на обожавање кај сите разумни култови; не смее да се помеша со другите објекти од мистичниот кафез со птици: лебед, феникс, пеликан, голуб и така натаму.
Иницијалите на IACOBUS BURGUNDUS MOLENSIS, I.B.M. се почетните букви на Трите Столба на Храмот, чиј збир изнесува 52=13×4, NB(на  еврејски Бет Нун[се чита од десно на лево])=Син.

Advertisements