Liber ריש – Поздрави на Сонцето


Целта на оваа пракса е најпрвин да се потсетува аспирантот на Големото Дело во правилни интервали; второ, да се доведе во свесен личен однос со центарот на нашиот систем;
и трето, за напредни студенти, всушност да се направи магиски контакт со духовната енергија на сонцето и така всушност да се влече сила од него

 A ∴ A ∴
Публикација во класа D.

Ова се обожувањата кои треба да ги изведува аспирантот за А.’. A.’.

       

1. Нека го поздрави Сонцето во зората, свртувајќи го лицето кон Исток, давајќи знак на својот ранг. И нека каже гласно :

Те поздравувам Тебе, Ти кој си Ра во Твоето издигнување,  Ти кој си Ра во Твојата сила, кој патуваш по небото во својата лаѓа во часот на Сончевиот изгрев. Тахути стои на клунот во својот сјај, Ра-Хоор се наоѓа на крмата.

Те поздравувам Тебе од домот на Ноќта!

2. Исто така напладне нека го поздрави Сонцето, свртувајќи го лицето кон Југ, давајќи знак на својот ранг. И нека каже гласно :

Те поздравувам Тебе, Ти која си Ахатор во Твојата победа, Ти која си Ахатор во Твојата убавина, која патуваш по небото во својата лаѓа во часот на Сончевиот зенит. Тахути стои на клунот во својот сјај, Ра-Хоор се наоѓа на крмата.

Те поздравувам Тебе од домот на Утрото!

3. Исто и за Сончевиот залез нека го поздрави, свртувајќи го лицето кон Запад, давајќи знак на својот ранг. И нека каже гласно :

Те поздравувам Тебе, Ти кој си Тум во Твоето заоѓање, Ти кој си Тум во Твојата радост, кој патуваш по небото во својата лаѓа во часот на Сончевиот залез. Тахути стои на клунот во својот сјај, Ра-Хоор се наоѓа на крмата.

Те поздравувам Тебе од домот на Денот!

4. Конечно, на полноќ, нека го поздрави Сонцето, , свртувајќи го лицето кон Север, давајќи знак на својот ранг. И нека каже гласно :

Те поздравувам Тебе, Ти која си Кефра во Твојата скриеност, Ти која си Кефра во Твојата тишина, која патуваш по небото во својата лаѓа во Полноќниот час. Тахути стои на клунот во својот сјај, Ра-Хоор се наоѓа на крмата.

Те поздравувам Тебе од домот на Вечерта!

5. По секој од овие призиви треба да го дадеш знакот на Тишина, а потоа ќе обожуваш онака како што си поучен од својот Супериор и тогаш повлечи се во своја медитација.

6. Исто така, уште подобро е ако се поистоветиш со Божествениот облик кој го обожуваш, како да си соединет со Него во обожувањето на Оној кој е над Него.

7. На тој начин секогаш ќе бидеш свесен за Големото Дело кое прифати да го изведеш и со тоа ќе бидеш зајакнат за да истраеш се до постигнувањето на Каменот на Мудроста, Summum Bonum-от, Вистинската Мудрост и Совршената Среќа.

Advertisements