Секој број е бескраен


„Секој број е бескраен; нема разлика.“ – Книга на Законот, Поглавје I:4

Ова е голема и света мистерија.

Иако секоја ѕвезда има свој број, секој број е еднаков и совршен. Секој маж и секоја жена не е само дел од Бога, туку е и Врховен Бог.

“Центарот е насекаде, а работ никаде”.

Старата дефиниција за Бог добива ново значење за нас. Секој од нас е Еден Бог. Ова може да биде сфатено единствено од страна на иницијантите; за да се увиди тоа, човек мора да достигне висока состојба на свест.

Секоја “ѕвезда” директно е поврзана со секоја друга ѕвезда и бидејќи Просторот е без Граница (Аин Соф), Тело на Нуит, секоја ѕвезда подеднакво е Центар како што е било која друга. Секој човек инстинктивно чувствува дека е Центар на Космосот, но филозофите се потсмеваа на таа негова претпоставка.

Сепак, тој беше сосема во право.

Земјоделецот не е ништо “помалку вреден” од Кралот, ниту Земјата е помалку вредна од Сонцето. Секое едноставно, елементарно Себство е врховно, Сам Бог.
Да, во оваа Книга Вистината е речиси неиздржливо Величенствена, бидејќи Човекот премногу долго се криел од сопствената слава: тој се плаши од бездната, од безвремениот Зпсолут. Сепак Вистината ќе го ослободи!

Извадок од Законот е за Сите – Алистер Кроули

Advertisements