Поезија

Лебедот


Книга на Лаги
17
Лебедот

{Kappa-Epsilon-Phi-Alpha-Lambda-Eta Iota-Zeta}

Постои Лебед чие има е Екстаза: лета
од Пустините на Север; лета
низ синилото; лета над полињата со ориз; на неговото
доаѓање тие зазеленуваат.
Во целиот Универзум овој Лебед самиот е неподвижен; изгледа
како да се движи, како што Сонцето изгледа дека се движи; таква
е слабоста на нашиот вид.
О будало! плачеш ли ти?
Амен. Движењето е релативно: не постои Ништо што мирува.
Наспроти овој Лебед Јас испукав стрела; од белите гради
бликна крв. Луѓето ме тепаа; тогаш, согледувајќи
дека бев само Чиста Будала, ми дозволија да
поминам.
Вака и никако на друг начин успеав до Храмот на
Гралот.
*   *   *

Коментар

Овој Лебед е Аум. Ова поглавје е инспирирано од спомените на Братот П. кога убил два лебеда во Тали-Фу.

Во параграфите три и четири е препознаено дека дури и Аум е непостојан. Не постои значење во зборот мирување се додека постои движење. Во безграничниот универзум, секој може да земе било која точка, колку и да е подвижна, и да тврди дека е точка на мирување, пресметувајќи ги движењата на сите други точки релативни на неа.

Претпоследниот параграф ја покажува врската на Адептот со човештвото. Нивната омраза и презир се неопходни чекори кон постигнување на неговата власт над нив.

Приказната на Евангелието, и она на Парсифал, се појавува во умот.

Забелешка

* Ова поглавје мора да се чита поврзувајќи го со Вагнеровата опера “Парсифал”.

Advertisements