Патот на Соколот


Велат дека се родил некаде во Пустината на Мисир, кај тајниот извор на Нил,
кога Смртта и Стравот им здосадиле на Луѓето ,
а Боговите од тогаш се надеваат дека ќе умре еден ден кај Столбовите на Светот.
Велат дека има четири дела, секој различен, а сепак ист.
Четири дела, кои всушност биле Еден.
Велат дека има Брат-Близнак кој молчејќи зборува за Тајните на Луѓето.
Сонцето и Месечината се негови родители, кои ако ги познаеш, вистински се Брат и Сестра, Два и Нула.
Велат дека Борес му единствениот сојузник во Детските Игри, во Лутањето и  Освојувањето со Тишина.
Велат и дека Еднаш владеел со Светот, кога Севидното Око стоело на Столбот   на Животот и Смртта.
Некои го нарекоа Осветник на Боговите, а други Света Тишина. Јас го нареков Asar un Nefer, сличен на Боговите.

*     *     *

Јас сум тој кој го искова Соколот во ѕид од гранит довлечкан од длабочините на  мојата душа, за да ме потсетува на Неговиот Пат, кој и да сакам,  не можам да  го кажам, ниту пак некако објаснам со овие прости зборови кои не знам убаво да ги обликувам. (Одсекогаш молчам кога имам премногу да кажам.

И секогаш кога молчам, на карпата-душа се длабат мисли-симболи кои ни ветрот ни јас не ги потполно разбирамe.)

Велат дека неговото Име е Убавина и Рамнотежа на Животот, но велат и дека е Самопожртвуваност и Љубов за Одмазда. Велат дека повеќе од еден век веќе лета Соколот на Новото Време низ Земјата, согорувајќи го низ Војна и Оган Стариот Свет, создавајќи ја Ветената Земја за Војската на Сонцето, Волјата и на Љубовта. Слушајте внимателно, бидејќи Некој го кажа неговото Вистинско име, кое и Човекот на Денес може да го слушне подобро и да го разбере подобро :

A.chad R.uach A.chdotho R.osh I.chudo T.emurachzo A.chad,
Кој е Седумкратен Пат кон Внатрешноста на Земјата
кој е Вистинскиот Пат на Соколот.
V.I.T.R.I.O.L.

Fra. A.

  • Мисир – старо име за Египет
  • Сокол – египетски симбол за богот Хорус
  • A.chad R.uach A.chdotho R.osh I.chudo T.emurachzo A.chad или ARARITA ( אראריתא ) e магиска формула која се користи во Малиот истерувачки ритуал на хексаграм и во превод значи: Еден е неговиот почеток, Една e неговата Индивидуалност, Неговата пермутација е Еден!
    За повеќе, овде.
  • V.I.T.R.I.O.L. = Visita Interiora Terrae Rectificando Invenies Occultum Lapidem или на македонски „Посетете ја внатрешноста на Земјата со прочистување ќе го откриете скриениот камен“.
    Ова е алхемиско мото. Ова мото е испишано и на тарот картата „Уметност“, АТУ XIV

ATU14
АТУ XIV – Уметност

VITRIOL
VITRIOL
Advertisements