Мантра Гајатри


На мантрата Гајатри и’ е подарено најголемо внимание во Ведската дарма (принципи на законот кој владее со светот). Оваа мантра се нарекува и Савитри или Вед-Мата, мајка на Ведите.

Ombhur bhuvah swah
Tat savitur varenyam
Bhargo devasya dheemahi
Dhiyo yo nah prachodayat

Буквалното значење на мантрата е:

О Боже! Ти си Сеприсутен, Семоќен и Сесилен.
Ти си целиот Светлина. Ти си целото знаење и Блаженство.
Ти си Уништител на стравот, Ти си Создател на оваа Вселена,
Ти си Најголемиот од сите.
Ти се поклонуваме и медитираме на Твојата светлина.
Ти го водиш нашиот ум во вистинска насока.

Меѓутоа мантрата има и големо научно значење, кое некако се изгубило во книжевната традиција. Модерната астрофизика и астрономија ни кажуваат дека Галаксијата натречена Млечен Пат или Акаш-Ганга содржи приближно 100.000 милиони ѕвезди. Секоја ѕвезда е како нашето Сонце и има свој планетарен систем.

Знаеме дека Месечината се движи околу Земјата, а земјата се движи околу сонцето, заедно со Месечината. Сите планети се распоредени околу Сонцето. Секое од споменатите тела се движи и околу сопствената оска. Нашето сонце, заедно со своето семејство, прави едно вртење околу галактичкиот центар за 225 милиони години. Сите галаксии, вклучително и нашата, се оддалечуваат со извонредна брзина од 20.000 милји (32.000 километри) во секунда.

A сега, алтернативното значење на мантрата, чекор по чекор:

A) OM BHUR BHUVAH SWAH

Bhur – Земјата, bhuvah – планетите (сончевото семејство), swah – Галаксијата. Сметаме дека кога обичен вентилатор се врти со околу 900 вртежи во минута, прави врева. Тогаш, можеме да замислиме каква голема врева би се создала кога галаксиите се движат со брзина од 32.000 километри во секунда. Тоа е тоа што го објаснува овој дел од мантрата, дека звукот кој се произведува од брзото движење на Земјата, планеттие и галаксиите е Ом.

Звукот го слушнал Риши Вишвамитра за време на медитација, па им го предочил на другите колеги. Сите, потоа, едногласно одлучиле да го наречат тој звук Ом божје име, бидејќи овој звук е достапен во сите три временски периоди, па според тоа и постојан. Оттаму, тоа била најпрвата револуционерна идеја да се идентификува безобличниот Бог со одреден назив (облик) наречен „упади“ (upadhi). Дотогаш, секој го признавал Бог како безобличен и никој не бил подготвен да ја прифати новата идеја. Во Гита стои и “Omiti ekaksharam brahma”, што значи дека името на Највисокиот е Ом, кое содржи само еден слог

Овој звук Ом, слушнат за време на самади, сите јасновидци го нарекле „нада брама“ (nada-brahma, огромна врева) но не врева која нормално може да се слушне над одредена амплитуда и ограничување на децибелите, погодна за човечкиот слух. Затоа ришите го нарекле овој звук Удгит (Udgith) музички звук на вишите сфери, т.е. рајот. Тие забележале и дека бесконечната маса галаксии која се движи со брзина од 32.000 километри во секунда генерира кинетичка енергија = 1/2 mv2 и ова ја урамнотежува целосната потрошувачка на енергија од космосот. Според тоа ја нарекле Пранава (Pranavah), што значи тело (vapu) или магацин на енергија (prana).

B) TAT SAVITUR VARENYAM

Tat, Тoj (Бог), savitur сонцето (ѕвезда), varenyam вреден за поклон или почит. Кога еднаш ќе го спознаеме обликот на личност и нејзиното име, можеме да ја лоцираме одредената личност. Според тоа, двата називи (upadhi) овозожуваат цврста подлога за да го идентификуваме безобличниот Бог, предложил Вишвамтра. Тој ни вели дека би можеле да го спознаеме (сфатиме) неспознатливиот безобличен Бог преку познатите чинители, звукот Ом и светлината на сонцата (ѕвездите).
Математичарот може да ја реши равенката x2+y2=4; ако x=2, може да се одреди y. Инженерот може да ја измери ширината на реката стоејќи на брегот, само со цртање триаголник. Таков бил научниот метод предложен од Вишвамитра во мантрата во делот кој следува:

C) BHARGO DEVASYA DHEEMAHI:

Bhargo светлината, devasya на божеството, dheemahi на која треба да медитираме. Риши нè упатува да медитираме на достапната светлина (светлината на сонцата) за да го откриеме безобличниот Создател (Бог). Тој бара и да правиме џапа (japa) на зборот Ом (ова се разбирливо од Мантрата). Така мудрецот бара од нас да продолжиме, но постои голем проблем тоа да се оствари, земајќи дека човековиот ум е толку колеблив и немирен што без милоста на Највисокиот (Брама) не може да се контролира.

Затоа Вишвамитра во продолжение предлага како да Му се молиме на Највисокиот:

D) DHIYO YO NAH PRACHODAYAT:

Dhiyo (умот), yo (кој), nah (сите нас), prachodayat(води во вистинска Насока). О Боже! Постави го нашиот ум на вистинската патека.

Полна научна интерпретација на Мантрата: Земјата (bhur), планетите (bhuvah), и галаксиите (swah) се движат со огромна брзина, звукот кој притоа се произведува е Ом (името на безобличниот Бог). Тој Бог (tat), кој се манифесира Себеси во форма на светлината на сонцата (savitur) е вреден за поклон/почит (varenyam). Сите ние, според тоа, треба да медитираме (dheemahi) на светлината (bhargo) на тоа божество (devasya) и да пееме Ом. Нека тој (yo) го води во вистинска насока (prachodayat) нашиот (nah) ум (dhiyo).

Така забележуваме дека битните моменти нагласени во матрата се следниве:
Вкупната кинетичка енергија која се создава од движењето на галаксиите се однесува како чадор и го урамнотежува вкупното трошење на енергиајта во вселената. Затоа е именувана според Пранава (енергетското тело). Ова е еднакво на 1/2 mv2 (масата на галаксиите по брзината на квадрат).
Сфаќајќи го огромното значење на слогот ОМ, другите религии од понов датум го усвоиле овој збор со мала промена во акцентот, на пример, Амен или Амин.

Голема благодарност до
Art of Living – Македонија
за преотстапениот текст

Advertisements