Астрологија

Астролошки Подзнак


Како да одредите кој подзнак сте (или на некоја личност) на најбрз и најбезболен начин???

Еве ја формулата!

Прво, малку АСТРОНОМИЈА. Хороскопски знак е Соѕвездието , низ кое привидно минува Сонцето во однос на Земјата, кое изгрева наутро заедно со Сонцето, на денот кога сте родени. Сонцето минува низ едно соѕвездие приближно за еден месец. Затоа и 12 Хороскопски знаци ,или во астрономијата Соѕвездија, постојат. Подзнак е Соѕвездието кое што се наоѓа на исток во часот кога сте родени. Значи правете и научете ја разликата помеѓу Знак и Подзнак, ако сакате нешто да добиете.

И сега!!!  Achtung, Achtung!!! (ова од “Магика без Солзи” ) Најлесен начин за да се одреди подзнак е овој:

Значи прашувате кога е родена личноста, и во колку часот (ако сте добри астролози, доволно е денот или час, за да одредите едното или другото, но ова е проста формула нели). Така го дознавате знакот. Што значи тоа?

Ајде малку АСТРОНОМИЈА подлабоко. Тоа значи дека Соѕвездието што изгрева на Исток заедно со Сонцето, на денот кога е родена личноста, е всушност хороскопскиот знак на личноста.

За колку време се појавува ново соѕвездие на исток во однос на нашиот видокруг?

Знаци или соѕвездија има 12 што го „шетаат“ небото. 24 часа, или едно деноноќие го делиме на 12 и добиваме дека преку денот, секој знак минува над некоја точка за 1.7 до 2.3 часа, зависи дали е зимо или лето, но ќе ставиме дека е 2 часа. Значи времето за да на исток се појави ново соѕвездие е просечно по 2 часа.

Ако јас сум роден на 26 Април во 10 часот сабајле, тоа значи: Јас сум знак Бик, бидејќи од 21 Април до 20 Мај на исток изгрева заедно со Сонцето соѕвездието Бик. Сонцето изгрева во 6 часот во тој период, значи тогаш на исток се појавува и соѕвездието Бик. Бидејќи секој знак за да измине мора да поминат 2 часа, додадете уште 2 часа од изгрејсонце за да помине Бик, и доаѓа 8 часот кога изгрева на Исток соѕвездието Близнаци. Уште 2 часа, и ете 10 часот, и изгрева Рак.

Значи, ако јас сум роден 26 април во 10 часот сабајле, значи јас сум со знак Бик, а подзнак Рак. И сите што се родени од 10 до 12 се со подзнак Рак (часовите се грубо дадени).

Advertisements