Јога

Подготовки за вежбање јога


„All this Yoga that we know and practice, this Yoga that produced these ecstatic results that we call phenomena, includes among its spiritual emanations a good deal of unpleasantness.“ – Eight Lectures of Yoga

Вежбањето Јога претпоставува исполнување, односно почитување на определени правила во поглед на подготовките за изведба на асаните. Така, со цел да си овозможиме непречено, удобно и пред сé правилно изведување на јогa-вежбите, пожелно е да прибегнеме кон подготовка на самите себе како и на просторијата во која ќе ги изведуваме вежбите. Во натамошниот текст, можете да се запознаете со основните правила кои ги практикува секој ученик по јога при вежбање.

  1. Секогаш треба да вежбаме на тивко место, во чиста и добро проветрена просторија. Дури, пожелно е прозорецот да е барем малку подотворен за постојано да влегува свеж воздух во неа.
  2. Тргнете ги сите остри предмети околу вас, и внимавајте да има доволно слободен простор за да не се повредите при вежбањето. Никогаш не вежбајте во близина на оган.
  3. Јога може да се вежба во било кое време од денот. Сепак, пожелно е да се вежба секој пат во определено време, но се смета дека најдобро време за вежбање е од 4 – 6 часот наутро.
  4. Користете простирка за вежбање на асаните, но никогаш не употребувајте душек од сунѓер.
  5. Никогаш не вложувајте поголем напор при изведување на асаните. Доколку вашето тело е круто, не грижете се, со тек на време ќе станете поеластични и со поголема леснотија ќе може да изведувате дури и посложени асани.
  6. Облеката која ја носите за време на вежбњето треба да е чиста, удобна и да не ве стега. Добро е истата да биде во некоја посветла боја. Ослободете се од ремените, накитот, часовникот…
  7.  Пред вежбњето не е препорачливо да се јаде минимум 2 часа.
  8.  Истуширајте се пред вежбање.
  9. Пред да пристапите кон изведба на асаните, секогаш загревајте го телото со лесни вежби.
  10. Доколку во текот на вежбањето почувствувате болка во било кој дел од телото, веднаш прекинете ја асаната. Немојте да останувате во ниедна асана доколку ви предизвикува голема болка и неудобност. ( види „Осум лекции за јога“ од А.Кроули)
  11. Луѓето кои страдаат од хронични заболувања, пред да почнат да вежбаат јога, неопходно е да се консултираат со лекар или со инструктор по јога.

 И нормално, забележувајте ги резултатите!

 Sor. V

Advertisements