Магика, Телема, Философија

Цитати


Овие цитати не се на никој начин поврзани меѓу себе. Ова се само зборови кои одреден период од мојот живот ми оставиле силен впечаток и ми биле отскочна даска при пребарувањето на мојата Душа и разоткривање на Патот. Сите цитирани книги се Свети Книги на Телемата или официјални ритуали. Уживајте…

.’. АБРАХАДАБРА
Влегов со тага; со радост сега заминувам и со благодарност, да уживам на земјата во мноштвото на живите.
Liber XLIV (Class D)

.’. Што се однесува до заветите. Биди упорен, и не биди упорен. Разбери дека попуштањето на Јони е едно со издолжувањето на Лингамот. Ти си и двете; а твојот завет е само шумолење на ветрот на Маунт Меру. Liber CCCLXX

.’. Магусот овој запис го објавува преку умот на Мајстор. Првиот јасно изговара, а вториот разбира; сепак Зборот е измама, а Разбирањето мрак. И ова кажување е Цела Вистина. Liber I

.’. Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.

.’.  Значи Големото Дело е едно, Иницијацијата е една, Наградата е една, макар колку различни и да биле симболите во кои е завиткано Неизговорливото. Liber LXI

.’. …Дали сеуште си замрсена во трњата од џбунот на дива роза кои си ги вткајала во својот магичен танц по земјата? Зарем твоите очи не се доволно силни да ја издржат светлоста на ѕвездите? Мораш ли да се колебаш додека си сеуште во долината? Мораш ли да денгубиш со сенките на зајдисонце? Тогаш, ако тоа е твоја волја, немаш никакво право освен да правиш што ти е волја! Сакај ги сеуште овие призраци на земјата; си направила крал од себе; ако те прави среќна да си играш со играчки од материја, зарем тие не се направени да му служат на твоето задоволство? Тогаш следи ги во својот ум чудесните зборови од самата Стела на Откровението. Врати се ако тоа ти е волја од пребивалиштето на ѕвездите, живеј смртно и насладувај се. Затоа што во овој ден си прогласена за Господар на Небото и Земјата. Liber CVI

.’.  Тоа треба да се сфати во ова значење: додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов. Но таа Љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза, Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат. Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно љубов! “Како браќа борете се!” Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа. Liber II

.’.  О, Ти, со глава од Ибис! Тебе, Тебе те призивам. Ти, кој го држиш Стапот на Двократната Моќ! Тебе, Тебе те призивам. Ти, кој носиш во својата лева рака Ружа и Крст на Светлината и Животот! Тебе, Тебе те призивам.

Ти, чија глава е како смарагд, а немисот како ноќно небесно синило! Тебе, Тебе те призивам. Ти, чија кожа пламти портокалово, како во печка вжарена! Тебе, Тебе те призивам.
Види јас сум Вчера, Денес и Брат на Утрешнината! Јас се раѓам одново и одново. Моја е Невидливата сила од која настануваат Боговите! Liber LXIV

.’. О човеку! причувај се! Со кои маки ти си бил обликуван! Колку векови протекле во твое обликување! Историјата на планетата е вткаена во својствена супстанција на твојот ум! Зар сето тоа било за ништо? Зар нема причина во тебе? Зарем така беше створен за да би јадел, дишел и умрел? Не мисли така! Ти обединуваш толку многу елементи, ти си плод на толку еони труд, ти си обликуван така како што си, а не поинаку, за некоја колосална Цел. Liber CL

.’.  За нас, значи, кои сме еманципирани од сите припрости закони, што треба да направиме за да ја задоволиме својата Волја за Соединување? Не помала љубовница од Универзумот: не помал бордел од Бесконечната Вселена: не пократка ноќ од Вечноста! Liber CL

.’. Нему, кој живее во Живот, ништо не му е загрижувачко: негово е вечното движење, енергијата, уживањето на никогаш ослабената Промена: неуморен, ти поминуваш од еон во еон, од ѕвезда до ѕвезда, Универзумот е твоето игралиште, а неговата разновидност на игри секогаш стара и секогаш нова. Сите оние идеи кои донесувале тага и страв спознати се во нивната вистина, и така станале семе на уживање: затоа што сигурен си надвор од сите докази дека не можеш да умреш никогаш; дека иако се менуваш, промената е дел од твојата природа: Големиот Непријател станал Голем Сојузник. Liber CL

.’.  Значи овој број 93 е трипати 31, кој во хебрејскиот е LA, тоа значи НЕ, и така тој го порекнува протегањето во три димензии на Просторот. Исто така Би сакал да медитирате највнимателно за името NU, кое е 56, што ни е речено да поделиме, собереме, помножиме, и сфатиме. Со делење добиваме 0.12, како што е запишано Нуит! Хадит! Ра-хоор-куит! пред Дијадата. Со собирање добиваме Единаесет, бројот на вистинската магика; а со множење добиваме 300, бројот на Светиот Дух или Огнот, буквата Шин, во кој сите нешта се потполно уништени. Со овие разгледувања, и со полно разбирање на мистеријата на броевите 666 и 418, ќе бидете моќно наоружани во овој Пат на далечен лет. Но исто така е потребно да ги разгледате сите броеви во нивните скали. Затоа што не постојат подобри средства за решавање на проблемите од оние на чистата математика, бидејќи веќе во неа грубите идеи се направени фини, и се е средено и спремно за Алхемијата на Големото Дело. Liber CL

.’. Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него.

.’.  Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе? Liber XXX

.’. Тебе, кој сеуште скиташ во Дворот на Профаните сеуште не можеме да ти откриеме се; но лесно ќе разбереш дека светските религии се само симболи и превези на Апсолутната Вистина. Исто како и философиите. За посветеникот, кој сиве овие работи ги гледа одозгора, не постои потреба за избор меѓу Буда и Мухамед, меѓу Атеизам и Теизам. Liber X

.’. Моите посветеници стојат исправено; нивните глави се над небата, нивните стапала се под пеколите.

.’. Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот, нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката. Така рамнотежата ќе стане совршена. Јас ќе им помогнам на моите следбеници; онолку брзо колку што ја постигаат оваа урамнотежена моќ и радост толку побрзо ќе ги туркам. Liber XC

.’. Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш יהוה , а во Озирис יהשוה . Прашај и ќе имаш! Барај и ќе најдеш! Тропни и ќе ти се отвори! Liber XXX

.’. И Сатаната е обожуван од страна на луѓето под името Исус; и Луцифер е обожуван од страна на луѓето под името Брама; и Левијатан е обожуван од страна на луѓето под името Алах; и Белиал е обожуван од страна на луѓето под името Буда.” – Liber CCCCXVIII

.’.  Мисли не трансформирани во говор се мисли изгубени за човештвото,зборовите непотврдени со дела се идеализирани зборови,а идеализиран збор не е многу далечен од лага. Догма и Ритуал на Високата Магика, Елифас Леви(Алфонсо Луис Констант)

.’. Така нека оваа работа биде достојно постигната; да, нека биде постигната достојно. Liber IX

Advertisements