Книга 777 – Основни атрибуции



Ова е сосема мал извадок од

Liber 777

vel
PROLEGOMENA SYMBOLICA
AD SYSTEMAM SCEPTICO-MYSTICÆ
VIÆ EXPLICANDÆ FUNDAMENTUM HIEROGLYPHICUM
SANCTISSIMORUM SCIENTÆ SUMMÆ

Табелите категорично го објаснуваат системот познат како Дрво на Животот.

Клучно во овие табели е да е следи дадената клучна скала, и да се поврзат различните системи. Нормално, во никој случај не се земаат здраво за готово овие определби во Liber 777. Потребно е искуство и разбирање на симболите.

Зошто Самек (סמכ – Потпирач – Стрелец) е патека на Дрвото на Животот што ги поврзува Јесод (יסוד– основа-Месечина ) и Тифарет (תפארת – убавина – Сонце ) не може да ви се каже дирекно. Има симболи и симболи. Ваше е да истражувате. Наше е да помогнеме.
Aко имате прашања, слободно прашувајте.

Следете ја клучната скала во табелите, и истражувајте. Liber 777 e пракса, како што и Дрвото на Животот е пракса. Не учете напамет табели.

Исто така во табелите е направена смена на два клуча. Зошто? Во Liber AL се вели:

Сите овие стари букви од мојата Книга се правилни; но  צ  (Цади) не е Ѕвездата. Тоа исто така е тајна: мојот пророк ќе им ја открие на мудрите.

Ова е доказ дека Liber AL содржи мудрост многу поголема од човечката. Братот P. многу години подоцна ја открива тајната на овие зборови, откако веќе Liber 777 е завршена. Но, Книгата на Тот, ја откри тајната на Liber AL и мудроста на оние што ја диктираа далечната 1904 година.
Оди кон наредна страница

Advertisements

One thought on “Книга 777 – Основни атрибуции

Коментарите се затворени.