Книга на Законот – Мал Вовед


I. Вовед

  1. Оваа книга е диктирана во Каиро, помеѓу 12 и 13 часот, три последователни дена, на 8,9 и 10 Април, 1904 година. Авторот се нарече себе си Аиваз и тврдеше дека е „пратеник на Хоор-Паар-Краат“, т.е. пратеник на силите коишто сега владеат со Земјата, што ќе биде објаснето подоцна.
    Како можел тој да докаже дека е всушност суштество од вид посупериорен од секоја човечка раса, и со тоа овластен да говори со авторитет?
    Очигледно дека тој морал да покаже Знаење и Моќ какви што до сега ниеден човек не поседувал.
  2. Тој го покажа ова Знаење главно со употреба на шифриран текст или криптограм во одредени параграфи, за да ги изложи скриените факти, вклучувајќи и некои настани кои што допрва треба да се случат, за кои ниедно човечко суштество не би можело да знае; според тоа, доказите на неговото тврдење постојат во самиот ракопис.
    Проучувањето на овие параграфи неопходно бара највисока човечка ученост за да се објаснат истите – тоа бара години на интензивна посветеност. Сеуште останува голем дел да се проучи. Но, доволно е откриено за да се оправда неговото тврдење; и најскептичниот ум е принуден да ја признае неговата вистинитост.
    Тоа најдобро го проучил Мајсторот Терион, кој години на напорно истражување го доведоа до просветлување.
    Од друга страна, јазикот во најголемиот дел од Книгата е зачудувачки едноставен, јасен и силен. Никој не може да ја прочита таа Книга, а да не биде погоден во суштината  на неговото битие.
  3. Натчовечката Моќ на Аиваз е искажана преку влијанието на неговиот Господар и на Книгата врз вистинските настани, а историјата во целост го потврдува тоа тврдење. Сите ги признаваат овие факти, но тие подобро се разбираат со помош на Мајсторот Терион.
  4. Деталното известие за настаните коишто доведоа до диктирање на оваа Книга, заедно со факсимилот на ракописот и есејот од Мајсторот Терион, објавени се во „Еквинокс на Боговите“

II. Унивезрумот

Оваа Книга го објаснува универзумот.

Основните елементи се Нуит – Простор, т.е. севкупните можности од сите видови и Хадит – било која точка која има искуство на тие можности (Оваа идеја, заради литерарни погоднисти, симболизирана е преку египетската божица Нуит, жена што се свива долу как Свод на Ноќното небо. Хадит е симболизиран како Крилестиот Глобус во срцето на Нуит).

Секој настан е соединување на една монада со едно од нејзините можни искуства.

„Секој маж и секоја жена е ѕвезда“, т.е. збир на таквите искуства, кои постојано се менуваат со секој нов настан, и коишто влијаат врз него или неа свесно или несвесно.

Секој од нас има свој сопствен универзум, но тоа е истиот универзум за секого се додека тој го вклучува сето можно искуство.
Тоа подразбира проширување на свеста за да ги вклучи сите други свести за себе.

На нашето сегашно ниво, објектот што ти го гледаш никогаш не е истиот како оној што јас го гледам; ние заклучуваме дека тој е ист, затоа што твоето искуство се совпаѓа со моето во толку многу точки што фактичките разлики во нашето набљудување се занемарливи. На пример, ако некој пријател оди меѓу нас, ти ја гледаш неговата лева страна, а јас десната, но ние се сложуваме дека тоа е истиот човек, иако можеме да се разликуваме не само според тоа што можеме да видиме од неговото тело, туку и по тоа што знаеме за неговите квалитети. Таа убеденост за идентичноста станува посилна колку почесто го гледаме и подобро го запознаваме.

Сепак, за тоа време никој од нас не може ништо да дознае за него, без оглед на целосниот впечаток што го остава на нашите умови.

Горенаведеното е крајно груб обид да се објасни системот којшто ги ускладува сите постоечки школи на филозофијата. 

III. Законот на Телема

Оваа Книга изложува едноставен Правилник на однесување.

„Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон“.
„Љубовта е закон, љубов под волја“.
„Нема закон над прави што ти е волја“
 
Тоа значи дека сите ние, Ѕвезди, треба да се движиме по нашите вистински орбити, како што е означено со природата на нашата положба, законот на нашиот растеж и импулсот на нашите минати искуства. Сите настани се подеднакво законити – и секој е долгорочно неопходен за сите нас, теоретски гледано; но во практиката, само еден акт е законит за секого од нас во било кој даден момент.

 

Од тука, Должноста се состои во одлучувањето да се искуси вистинскиот настан од еден до друг момент на свеста.
Секоја активност или движење е акт на љубовта; соединување со едниот или другиот дел од „Нуит“; секој таков акт мора да биде „под волја“, избран така да исполни, а не да ја препречи вистинската природа на даденото битие.

Техничките методи на  постигнувањето на ова треба да бидат проучени во „Магика“, или да се добијат преку лични упатства од Мајсторот Терион и неговите овластени помошници.

Advertisements