За жената, невиноста и новото време


Први што ти е волја и тоа нека биде целиот закон

Природата на жената била искривувана, надежите на нејзината душа изигрувани, нејзиното природно задоволство ограничувано, нејзиниот ум бил труен и сето тоа е правено за да се надрзнуваат исцедените непца од сенилните банкари и амбасадори.

Зошто машките инсистираат на „невиноста“ кај жените? (спознајте кои мажи од текстот што следува)

  1. За да ја задоволат сопствената суета;
  2. За да си дадат најмногу шанси: a) да не подлегнат на венерични болести; b) да ги пренесат на потомците своите благородни особини;
  3. За да ја задржат моќта над нивните робови со знаењето кое го поседуваат;
  4. За да можат што подолго да ги држат во послушност со одвраќање од блудење. Сексуално задоволената жена е најдобриот помошник; незадоволна или разочарана жена е вистинска душевна чума;
  5. Во примитивните општества за да се заштитат од препад и неверство;
  6. За да го прикријат својот притаен срам во областа на сексот;

Што велиме ние телемитите за жената?

Ние не им ласкаме и не ги залажуваме  жените;  ние не ги потценуваме и не ги малтретираме. За нас жената е самостојна, апсолутна, оригинална, независна, слободна, самоопределена, точно онолку колку што е и мажот. Секој маж и секоја жена е Ѕвезда вели Законот.

Ние не го осуетуваме Нејзиното Движење, на Божицата! Ние не полагаме никакво право над Нејзината волја; не го одвраќаме Нејзиниот развоен пат за да господариме со нејзините желби, или пак да ја одредуваме нејзината судбина. Ние не бараме ништо повеќе освен да и ја понудиме нашата сила.

Книгата на Законот вели: Нека пред мене застане жената опашана со меч!

Добредојде ти, Жено, те поздравуваме како Ѕвезда! Добредојде на лумпување и веселба! Добредојде во борба и на гозба! Добредојде на бдеење и победа! Добредојде во страст и громогласна смеа! Добредојде на трпеза и в кревет! Добредојде на тажење и смрт!

Ние телемитите сме оние кои вистински ја сакаат и почитуваат Жената, кои ја сметаат подеднакво безгрешна и бесрамна како што сме и ние самите; а оние кои што велат дека ја презираме, се оние кои бегаат од замавот на нашите сабји со кои ги раскинуваме зарѓаните окови од нејзините нозе!

Дали жената ја нарековме Курва? Да, Навистина и Амин, Таа тоа и е; сиот воздух трепери и гори додека го викаме, радосно и страстно.

О вие! Зар не ја презревте и осрамотивте со вашиот потсмев и вашиот злобен Шепот? Не е ли „Курва“ – вистината за неа, име на ужас кое и го дадовте заради сопствениот страв од Неа, со кој кукавиците меѓусебно се тешат, со скриено намигнување на окото и со движење на раката?

Но ние не се плашиме од неа! Книгата на Законот е Повелба на Жените! Зборот Телема(волја) го отклучи катанецот на нејзиниот „појас на невиност“! Вашата(христијанска) Сфинга конечно оживеа, да знаеш, да сакаш, да смееш и да молчиш!

Модерната жена повеќе нема да биде глупава, робинка и жртва; туку жена која слободно ќе се предава за свое сопствено задоволство, без барање противуслуга, ќе ја здобие почитта на своите браќа и отворено ќе ги презира „невините“ (поткупливи сестрички), токму како што машките денес ги презираат „мамините синови“, „мекушите“ и „лигушите“.

Жената треба да научи дека Љубовта е спорт, уметност, религија, ако сакате; Голем Панаѓур!

Постои крик на непознат јазик. Тој одекнува низ Храмот на Универзумот; во еден негов Збор е Смрт и Екстаза и твоето име на честа, о ти која си самата за себе Првосвештеничка, Пророчица, Царица и Божица чие име значи Мајка и Курва!

Љубовта е закон љубов под волја

Advertisements