ΚΕΦΑΛΗ Ι


Windlestraws

Бездната на Халуцинациите има Закон и Разум; но во Вистина не постои врска помеѓу овие Играчки на Боговите.
Овој Разум и Закон е Врската на Големата Лага.

Вистина! Вистина! Вистина! извикува Господарот на Безднaта на Халуцинациите.

Не постои тишина во таа Бездна: бидејќи се што човекот го нарекува Тишина е Нејзин Говор.
Оваа Бездна исто така е наречена „Пекол“, и „Мноштвото“. Нејзиното име помеѓу луѓето е „Свесност“, и „Универзумот“.
Но Tоа што ниту е тишина, ниту зборува, се весели таму.

*     *     *

Ова поглавје не упатува на тарот клучот Пустиник.

Јод е скриениот Фалус, спротивно на Тау, проширениот Фалус. Ова поглавје треба да се проучува во светлото на она што е кажано во Liber 242 (АХА!) и во Храмот на Кралот Соломон (Томовите на Еквинокс) за разумот.

Универзумот е лудило, законот на причина и последица е илузија, или барем така се појавува во Бездната, која што е поистоветена со свесноста, со мноштвото, и со двете; но внатре во тоа е тајно единство кои се радува; ова единство е далеку од било каков концепт.

Advertisements