Поезија, Философија

ΚΕΦΑΛΗ ΜϜ


Извадок од книгата „Книга на Лаги“, А. Кроули

Копчиња и Розети

Причината за тага е копнежот на Едното
кон Мноштвото, или на Мноштвото кон Едното. Ова исто така е и причина
за радост.

Но копнежот на еден кон друг е полн со тага; неговиот
почеток е глад, и неговата смрт заситеност.

Копнежот на молецот кон ѕвездата барем го чува од
заситеност.

Гладувај ти, О човеку, за бесконечното: биди незаситен
за конечното; така на Крајот
ќе го растргнеш конечното, и ќе станеш бесконечното.

Биди ти поалчен и од ајкулата, поисполнет
со копнеж од ветерот помеѓу боровите.

Исцрпениот аџија се бори; заситениот аџија
запира.

Патот свртува нагоре: секој закон, целата природа мора да се
надмине.

Направи го ова со доблеста на ТОА што е во тебе пред кое
законот и природата се само сенки.

*      *      *

Поуката на ова поглавје е тоа секогаш да станете гладен од јадењето, секогаш да ја присилувате сопствената природа. Продолжи да го испробуваш она што ти е природно одвратно; ова е неисцрпен извор на задоволство, и има реална предност во уништувањето на Санкара, која, колку и да е „добра“ по самата себе, релативно во однос на другите Санкари е сепак бариера на Патот; тие се модификации на Егото, и од тука се работи кои го одвојуваат од апсолутното.

Advertisements