Јога за грубијани


Извадок од „Осум лекции за Јога“ од А.Кроули

Прави што ти е воља и тоа нека биде цел Закон.

МОЈА ВОЛЈА Е ДА ГО ОБЈАСНАМ ПРЕДМЕТОТ НА јогата со јасен јазик, без прибегнување кон жаргон или изнесување фантастични хипотези, со намера оваа голема наука од универзална важност да биде целосно сфатена.
Бидејќи како и сите големи работи, и таа е едноставна; но исто така, како и сите големи работи, маскирана е со конфузни размислувања; и премногу често омалуважувана поради махинациите на измамниците.

За јогата се изречени и напишани повеќе бесмислици, отколку за било што друго во светот. Повеќето од овие бесмислици, кои ги поттикнуваат шарлатани, се базираат на идејата дека во врска со неа има нешто мистериозно и ориентално. Тоа всушност го нема. Од мене не очекувајте обелисци и одалисци, (Рахат) локум, бул – булс или кои било други џиџи – миџи што ги користат јога трговците. Јас сум елегантен, но не и пренакитен. Не постои ништо мистериозно и ориентално во врска со што било, како што знае секој што интелегентно поминал барем малку време во Азија и Африка. Затоа предлагам да го повикаме најодалечениот и најпрепредениот од сите Богови да ни ја разјасниоваа тема – светлината на здравиот разум.

Сите појави за коишто сме свесни заземаат место во нашите умови, и според тоа единствената работа што треба да ја разгледаме е нашиот ум; тој е многу попостојан од другите човечки одлики, отколку што вообичаено се претпоставува. Она што ни се чини како радикална разлика, неспоива со аргументација обично се должи на тврдоглавост во навиките, создадени со систематски секташки тренинг на многу генерации.
Затоа мораме да започнеме со проучување на јогата преку согледување на зборот. Тој значи соединетост и потекнува од санскритски корен како и грчкиот збор “zeugma”, латинскиот збор “jugum” и англискиот “yoke” (yeug – се придружува).
Кога танчерката е посветена на служба во храм, се слави јога на нејзините односи со прославите. Јога, накратко може да се преведе како “чајна борба”, што несомнено го објаснува фактот дека сите оние што ја проучуваат јогата во Англија, неработат ништо освен што се занимаваат со озборување, проследено со обилно пиење алкохол.

Јога значи Соединетост.
Како треба да го сфатиме ова? Зошто зборот јога упатува на систем на религиозен тренинг или опис на религиозно искуство? Можеби случајно ќе забележите дека зборот “религија”, всушност се поистоветува со јога. Тој значи “да се сврзе заедно”.

Јога значи Соединетост.
Кои се елементите што се соединети или ќе бидат соединети, кога овој збор се користи во неговата вообичаена смисла на практиката што е ширум распростанета во Хиндустан, чијашто цел е еманципација на индивидуата, која ја проучува и практикува, од помалку пријатните одлики на нејзиниот живот на оваа планета?
Велам Хиндустан, но всушност мислам на кое било место на Земјата; бидејќи истражувањето покажа дека слични методи донесуваат слични резултати во секоја земја. Деталите се разликуваат, но општата структура е иста, бидејќи сите тела, па така и сите умови, имаат идентични форми.

Јога значи Соединетост.
Комплексот на инфериорност во умот на побожната личност, кој е одговорен за нејзината побожност, ја присилува да ја интерпретира оваа еманципација како соединување со гасовитиот ‘рбетник кого го измислила и го нарекла Бог. На нејасната замагленост од нејзините стравови, имагинацијата ја фрлила сопствената сенка, зголемена и обезличена, и таа вистински заплашува; колку повеќе побожната личност се поклонува пред неа, толку повеќе привидението се наведнува да ја скрши. Луѓето со вакви идеи нема никаде да стигнат освен во лудници и во цркви.

Поради оваа преовладувачка мијазма од страв, целиот предмет на јогата стана матен и нејасен. Совршено едноставниот проблем е искомплициран од најподмолни етички бесмислици и предрасуди. Српак, цело време вистината лежи во самиот збор.

Љубовта е закон, љубов под волја

Advertisements