Вие сте против народот


Извадок од „Законот е за Сите“, А.Кроули

„Вие сте против народот, О мои избрани!“ –   Liber AL vel Legis

Под “народ” се мисли на таа дволична, расплакана, ропска раса од бичувани пци, кои одбиваат да ја прифатат својата божествена суштина. Толпата е секогаш заплашена за своето парче леб и путер (доколку нејзините тирани воопшто и дозволат да има путер), а отсекогаш лебот во 60 % е замена за сточна храна. Според тоа, бидејќи се плаши не се осмелува да удри. А кога неволјите ќе започнат, ние Аристократите на Слободата, од замокот или колибата, тврдината или резиденцијата, ќе ја имаме робовската толпа наспроти нас. Весниците ќе ни укажат дека “Народот” претпочита да гладува и фала му на Џон Д. Рокфелер што го дозволи тоа.

Постои и подлабоко значење на овој стих, кое е применливо во процесот на индивидуална иницијација.

Под “народ” може да се подразбира многуглавата и колеблива толпа, која се рои во блатото на нашите умови. Повеќето луѓе се под власт на бескрајни бучни и насилни емоции, без никаква дисциплина или организација. Тие се менуваат со секој нов момент. Ним им недостига цел, претчувство и интелигенција. Тие се водени од несвесни и ирационални инстинкти, од кои многу се спротивставени на законот на самоодржување со самоубиствена глупавост. Моралната идеја што ја нарекуваме “народ” е природен непријател на добрата власт.

Оној кој е “избран” од Хадит да Кралува, нужно, мора да биде “против народот”, ако сака да следи некоја доследна политика. Таквите ларви на “љубовта” го проголтаа Марко Антониј исто како и Абелар. Поради оваа причина, прва задача на Аспирантот е да ги разоружа сите свои мисли и да се направи себеси непробоен за нивното влијание; ова може да се постигне преку опишаните методи во Либер Алеф, “Либер Југорум”, Тиен Тао и на други места.

Како второ, тој мора да им наметне апсолутна тишина, а тоа може да се оствари преку пракси на “Јога” дадени во Книга 4 (Дел I), “Либер XVI”, итн. Дури тогаш тој е спремен да ги анализира, организира, тренира и на тој начин да ги искористи предностите на секоја од нив употребувајќи ги нивните енергии во служба на својата империјална цел.

Advertisements