Храмот на Будалата


Искасапете го Оној кој е различен од Вас.
Измавајте го илјада стапови од леска
И поклонете му Бескраен Пат за одење,
надевајќи се дека ќе исчезне
по кој знае кој пат под ова Човечко Небо.
Тоа Проклето ограничувачко небо кое не го разбира,
или не сака да го разбере. 

Дајте му зелена облека
за да го препознаат кој е и што е во Светот,
бидејќи вистински Тој е Никој и Ништо.

Од Исток до Запад, од Север кон Југ
Едно е неговото име,
Една е Неговата Пермутација.
Еден е неговиот Број.

Ништо е Бесконечиот Круг на Животот кој тој го живее,

Ништо е Смртта и ЖивототНа кој Тој страсно во Тишина, им се подсмева.

Но, која Будала сеуште го слуша ветерот
и неговите тајни шепотења во мрачните ноќи на Душата?
Кој сеуште ја Обожава Мистеријата на Петар Пан?

Дојдете кај мене, рече, е будалесто.
Дојдете во Својот Храм на Тишина и обожавајте.

Обожавајте го бесцелното одење, само заради одењето.
Обожавајте ги искуствата кои се неразумни и чудни.

Вие, кои сте Будали, одете, ако сакате да стигнете.
Победете го Разумот со Разум, Тишина со тишина.
Влезете во Светиот Храм на Будалата – и Обожувајте!

Поделете го неделивото, соединете се што не е, со се што е,
Вода со Оган, Земја со Воздух.

Бидете неразумни, за да го сфатите разумот.
Бидете барем за еден чекор поблиску до Круната,
како што е дворскиот шут и неговата смеа.

Бидете, Што ви е Волја. Само бидете.
Бидете како бесцелен ветер кој ја обиколува земјата.
Бидете секогаш,
бидејќи Храмот на Будалата,
Е Земјата на Небесата.

Fra. A
Advertisements