Телема

За вештината на хирургијата


Liber Alef

DE VIRTUTE CHIRURGICA

Знај дека култот на ропските богови е изум на овие Црни Браќа. Се што стагнира потекнува од тоа, а одтаму не произлегува стабилност, туку распаѓање. Немој да трпиш статички стандарди, ниту во мислите, ниту на дело. Не спротиставувај и се на Промената, дури ни тогаш кога е тоа Хоронзовото трулење, туку забрзај го, така да елементите да можат да се комбинираат со помош на Љубовта под Волја.

AUMGN.

Затоа што Црните Браќа и нивните Култови, се поставуваат себеси наспроти Промената, скрши ги на половина. Да, иако од лошото доаѓа полошо, продолжи по тој пат; тоа личи на отворање на чир, првиот ефект е крајно штетен, но последниот е чистота.

Не обранувај внимание на оние кој викаат: Анархија, Неморал, Ерес, против тебе, и се плашат да ја уништат злоупотребата за да не би дошло до полоши работи. Севкупната Воља на Вселената е насочена кон Вистината и добро ќе направиш ако ја ослободиш од затнатоста. Затоа што е запишано дека ништо неможе да ги соедини раздвоените освен љубовта, така да единствено оние целини кои се во суштината на едноставноста, бидејќи се градени ќелија по ќелија се до Единство со помош на Доблеста од Љубовта под Воља, се вредни да истраат во своето Напредување.


Advertisements