За египетскиот магичар кого го викаа Моше


Liber Aleph
Книга на Мудроста или Лудоста
(на македонски јазик)

DE QUODAM MAGO AEGYPTIORUM, QUEM APPELUNT JUDAEI MOSHEH

Следбеникот на Тахути е еден од Египјаните чие име се изгубило; но Евреите го нарекоа Моше или Мојсеј, и нивните создавачи на легенди од него направија водач на својот легендарен егзодус. Уште повеќе, тие го зачуваа неговиот Збор, а тој гласи יהוה, кој мораш да го сфатиш исто така како и тајниот збор кој си го видел и чул во громовите и молњите на сопствената иницијација во Степенот во кој си бил свесен. Секако до степенот до кој си го сфатил тоа.

Но овој Збор сам по себе е план на структурата на Универзумот, и на тоа била разработена Светата Кабала, одкаде што ние го имаме Знаењето за Природата на сите работи кои и да биле тие, на секое ниво на постоење, и за нивните сили, тенденции и операции, заедно со клучевите за нивните Порти. Тој не оставил ниеден дел од својата работа недовршен, освен ако тоа не е оној дел кој после триста години, го постигнал сер Едвард Кели, од кого и јас потекнувам како што знаеш.

Advertisements