За злонамерните будали


Извадок од „Книга на Мудроста или Лудоста“ -А. Кроули

DE STULTIS MALIGNIS

Сине мој постојат многу болести и многу несреќи, кои произлегуваат од човечките грешки во однос на Волјата; но ниедна не е поголема од сплетките на натрапникот. Тие имаат претензија подобро да ја познаваат човечката мисла од самиот него, и да управуваат со неговата Волја, со повеќе мудрост, одколку самиот тој, па прават планови за неговата среќа.

И помеѓу сите нив, најлош е оној кој самиот себе се жртвува за доброто на своите ближни.

Оној кој е толку глупав за да не ја следи својата Волја, како ќе биде толку мудар да може да се занимава со туѓата? Ако мојот коњ застане пред огледало, дали треба некој слуга да му пријде одзади и да го удри по копитата?

Не, Сине, држи се мирно до својот пат, за да може твојот брат, гледајќи те да собере храброст врз основа на твоето однесување и биди сигурен дека нема да му пречиш со своето плитко милосрдие. Не ми дозволувај да ти зборувам за несреќите кои сум ги видел, чиј корен бил во љубезноста, чиј свет бил самопожртвуваноста, а плодот катастрофа. Навистина мислам дека тука не би имало крај. Удри, ограби го, убиј го својот сосед, но немој да го тешиш, освен ако тоа самиот тој не го побара, а и ако побара, биди внимателен.

Advertisements