Кабала, Телема, Философија

Собрана мудрост


Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон. -AL I.40

“Ти немаш право освен да дејствуваш по својата волја. Прави го тоа и никој нема да ти каже не.” – AL I. 42-43
“Секој маж и секоја жена е ѕвезда.” -AL I.3

И да се потсетиме:

Човекот е тоа што сам од себе ќе направи во рамките одредени од неговата наследена судбина; тој е дел од човештвото; неговите дела не го допираат само она што тој го нарекува јас, туку и целиот Универзум.
Почитувај, и не го презирај физичкото тело кое е твоја времена врска со надворешниот и материјалниот свет. Затоа твојата ментална урамнотеженоста нека биде над вознемиреноста од материјалните потреби; зајакни ги и управувај со анималните страсти, скроти ги емоциите и разумот,негувај ги Вишите Тежнеења.
Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност.
Запамети дека неурамнотежената сила е зло; дека неурамнотежената милост е слабост, која би го дозволувала и поттикнувала Злото. Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој.

Вистинскиот ритуал колку е акција толку е и збор; тој е Волја.
Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.
Сепак имај најголемо самопочитување и поради тоа не греши против себе. Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.

И ова со сигурност велам дека е така:

Како инаку би било, о Човеку, ти чиј живот е само ден во Вечноста , капка во океанот на времето; како би можел ти, ако нема толку многу твои искушенија, да ја исчистиш својата душа од земјината рѓа? Но сега е тоа така, да Вишиот Живот е поврзан со опасности и тешкотии; ги немале ли и Мудреците и Хиерофантите на минатото? Тие биле прогонувани и понижувани, луѓето ги измачувале; сепак низ тоа нивната Слава растела, Затоа радувај се, о Инициран, бидејќи колку се поголеми твоите искушенија, поголема е твојата победа. Кога ќе те измачуваат и зборуваат лажно против тебе, зарем Мајсторот не рекол: “Ти си блажен”!

Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него.
Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?

“Робовите ќе служат” -AL I.58
“Љубов е законот, љубов под волја”. -AL I.57

П.С. Секој стих е всушност една пракса. Размислете добро каква би била таа пракса.

Advertisements