За телемитското сметање на времето


Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон

Ние телемитите времето го броиме од моментот кога е примена „Книгата на Законот“ од братот Пердурабо ( Алистер Кроули ), далечната 1904 година.

За бележење на годините користиме двоен систем на римски бројки во стилот IVXX кој што ја означува 2012 вулгарна ера.

Првата римска бројка го покажува бројот колку 22 годишни цели етапи поминале од 1904 година, во овој случај е 4 и дава 4*22 години = 88, кои ако се додадат на 1904 се добива 1992. Втората римска бројка од двостепената репрезентација на телемитската година го дава остатокот кој што фали за до моменталната вулгарна ера, а тоа е 20 години и затоа XX.

Пр. Ако годината  е 2021, тогаш годината ja одземаме од 1904 и резултатот го делиме со 22 и добиваме 5. Значи до 2021 година поминале 5 пати по 22 години. Тоа е првата римска бројка од телемитската година.

За да ја добиеме втората римска бројка од телемитската година која не интересира (во случајот 2021) го правиме следното:

Првиот број од телемитската година го множиме со 22 и го додаваме тој резултат на годината 1904. Разликата помеѓу тековната година и добиениот резултат претходно ќе ни ја даде втората рисмка бројка од телемитската година. Во овој случај, ние за првиот број добивме дека е 5 ( 5 пати изминале 22 години до 2021 година). Овој број го множиме со 22 и го додаваме на 1904 година и добиваме 2014. Оваа вредност ја одземаме од 2021 и добиваме 7. Тоа е бараната втора римска бројка од телемитската година.

И конечно 2021 година може да ја запишеме како VVII што ни покажува дека поминале 5 пати по 22 години + 7 до 2021 година!

Римските броеви се користат заради 22-та адута од Тот таротот, кои се и причина за 22 годишниот циклус кој што се користи во бележењето на телемитската година. Така, 2012 година IVXX е Цар(IV) и Еон(XX) кои имаат соодветно значење за кое нема да раскажуваме овде.

За означувањето на деновите го користиме латинскиот назив за деновите и тоа:

  • Недела – dies Solis – ден на Сонцето
  • Понеделник – dies Lunae – ден на Месечината
  • Вторник – dies Martis – ден на Марс
  • Среда – dies Mercurii – ден на Меркур
  • Четврток – dies Jovis – ден на Јупитер
  • Петок – dies Veneris – ден на Венера
  • Сабота – dies Saturni – ден на Сатурн

За одредување на датата го користиме привидното движење на сонцето и месечината низ зодијакот и така го врзуваме земското време со макрокосмосот. Знаеме дека сонцето се движи по приближно 30 дена низ едно соѕвездие, додека месечината од едно до друго соѕвездие минува за 2.3 дена приближно. За да знаете точно да одредувате кога и каде се наоѓаат овие небесни тела ви треба пракса. За да ви биде полесно ќе дадеме еден пример.

Пр. Тековната дата е 26 јуни 2012 година. За годината како што видовме претходно знаеме дека е IVXX .  Знаеме дека на 21 јуни сонцето преминува во соѕвездието Рак, значи сонце е во рак (првите 10 степени), месечината според пресметки е крајните степени во Девица и денот е вторник или dies Martis.

Значи за 26 јуни 2012 година, вторник, 12 часот попладне телемитски би изгледало вака:

Sol in Cancer  5o, Luna in Virgo 26o – dies Martis, anno IVXX aerae novae (нова ера)

Се надеваме дека ќе побуди овој напис желба за пракса и бележење на времето во вашите дневници како што го прават слободните луѓе на новото време.

Љубовта е законот љубов под волја

Advertisements

One thought on “За телемитското сметање на времето

  1. За да го совладате ова потребно е пракса.
    За да проверувате дали точно сте пресметале и да откриете каде грешите во вашата постапка, употребувајте ја оваа алатка ( http://0.mk/thelema-server ), која ќе видите дека е од голема помош додека се навикнувате на овој начин на сметање на времето.

    Љубовта е закон, љубов под волја.

Коментарите се затворени.