Книгата на Рамнотежа


Преземено од  О.Т.О. – Македонија 

Liber Librae svb figura XXX

A.·. A.·. публикација во класа B.

0. Учи прво – 0 ти кој тежнееш кон нашиот древен ред! – дека Урамнотеженоста е темел на делото. Ако ти самиот немаш сигурен темел, на што ќе стоиш, за да ги управуваш силите на природата?

1. Тогаш знај, бидејќи човекот е роден во овој свет среде Мракот на Материјата, и судирот на спротивните сили; така неговото прво настојување треба да биде да го бара Светлото низ нивното помирување.

2. Тогаш ти, кој имаш искушенија и тешкотии, радувај се поради нив, зашто во нив е Силата и преку нив е отворен патот кон тоа Светло.

3. Како инаку би било, о Човеку, ти чиј живот е само ден во Вечноста , капка во океанот на времето; како би можел ти, ако нема толку многу твои искушенија, да ја исчистиш својата душа од земјината рѓа? Но сега е тоа така, да Вишиот Живот е поврзан со опасности и тешкотии; ги немале ли и Мудреците и Хиерофантите на минатото? Тие биле прогонувани и понижувани, луѓето ги измачувале; сепак низ тоа нивната Слава растела.

4. Затоа радувај се, о Инициран, бидејќи колку се поголеми твоите искушенија, поголема е твојата победа. Кога ќе те измачуваат и зборуваат лажно против тебе, зарем Мајсторот не рекол: “Ти си блажен”!

5. Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него.

6. Не брзај другите да ги осудуваш; како можеш да знаеш дека ти на нивното место би одолеал на искушението. И дури да е така, зошто би презирал некого кој е послаб од тебе?

7. Затоа ти што ги посакуваш Магиските Подароци, биди сигурен дека е твојата душа цврста и постојана; зошто ласкајќи им на твоите слабости, Слабиот ќе има моќ над тебе. Потчини се на твоето Себство, но не плаши се ни од човек ни од дух. Стравот е неуспех, и претходник на неуспехот: а храброста е почеток на доблеста.

8. Затоа, не плаши се од Духови, туку биди цврст и љубезен со нив; зошто немаш право да ги презираш или мачиш; и тоа исто така може да те заведе. Наредувај им и терај ги, заколнувај ги со Големите Имиња ако треба, но не им се потсмевај и не ги мачи, зошто, без сомнение, тоа ќе те одведе во грешка.

9. Човекот е тоа што сам од себе ќе направи во рамките одредени од неговата наследена судбина; тој е дел од човештвото; неговите дела не го допираат само она што тој го нарекува јас, туку и целиот Универзум.

10. Почитувај, и не го презирај физичкото тело кое е твоја времена врска со надворешниот и материјалниот свет. Затоа твојата ментална урамнотеженоста нека биде над вознемиреноста од материјалните потреби; зајакни ги и управувај со анималните страсти, скроти ги емоциите и разумот, негувај ги Вишите Тежнеења.

11. Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност.

12. Запамети дека неурамнотежената сила е зло; дека неурамнотежената милост е слабост, која би го дозволувала и поттикнувала Злото. Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој.

13. Вистинскиот ритуал колку е акција толку е и збор; тој е Волја.

14. Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.

15. Сепак имај најголемо самопочитување и поради тоа не греши против себе. Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.

16. За да ја постигнеш магиската моќ, учи да управуваш со мислите; дозволи ги само тие идеи што се во согласност со саканиот завршеток, а отфрли ги сите лутања и спротивните идеи.

17. Насочена мисла е средство на некоја цел. Затоа внимавај на моќта на тивката мисла и медитација. Материјалниот чин е само надворешен израз на твојата мисла, и затоа е кажано: “Будалестата мисла е грев”. Мислата е почеток на акција, и ако случајната мисла може да има многу резултати, што се не може да направи насочената мисла?

18. Затоа, како што е кажано, Застани цврсто во Рамнотежата на силите, во средиштето на Крстот на Елементите, Крстот од чие средиште е излезен творечкиот Збор во раѓањето на зората на Универзумот.

19. Затоа биди раздвижен и активен како Силфите, но одбегнувај ја лекоумноста и непостојаноста; биди огнен и цврст како Саламандерите, но одбегнувај ја раздразливоста и суровоста; биди прилагодлив и внимателен кон формата како Ундините, но одбегнувај ја мрзливоста и променливоста; биди работен и вреден како Гномите, но одбегнувај ги грубоста и алчноста.

20. Така постапно ќе ја развиеш моќта на својата душа и ќе станеш соодветен за управување со Духовите на елементите. Зошто, ако ги повикаш Гномите да угодуваат на твојата алчност, ти повеќе нема да управуваш со нив, туку тие со тебе. Дали би ги злоупотребил чистите суштества на шумите и планините за да ги наполниш торбите и да ја задоволиш својата глад за злато? Би ги понижил ли Духовите на Живиот Огин за да му служат на твојот бес и омраза? Би ги повредил ли чистите Водени Души за да и угодуваат на твојата расипана страст? Дали би ги силел Духовите на Ноќниот Ветрец да им служат на твојата лудост и ќеф? Знај дека со такви желби можеш да привлечеш само Слаб, а не Силен, и во тој случај Слабиот ќе има моќ врз тебе.

21. Во вистинската религија нема секти затоа пази да не го колнеш името под кое другите го знаат својот Бог; зошто ако го правиш тоа на Јупитер, ти ќе го колнеш יהוה во Озирис יהשוה. Прашај и ќе имаш! Барај и ќе најдеш! Тропни и ќе ти се отвори!

Advertisements

One thought on “Книгата на Рамнотежа

Коментарите се затворени.