Телема, Философија

Нема Закон над Прави што ти е волја


Извадок од „Законот е за Сите“, популарни коментари на Liber AL vel Legis

Нема Закон над Прави што ти е волја

КОМЕНТАР: Секако дека постојат и пониски закони од овој, кои претставуваат поединечни и посебни манифестации на овој Закон. Но целината на Законот е “Прави што ти е волја” и нема закон над тоа. Оваа тема во потполност се разработува во Liber CXI, Aleph, која му ја препорачувам на студентот да ја погледне.

Далеку подобро е доколку аспирантот го прифати овој Закон како Универзален Клуч за решавање на сите проблеми во Животот и да го примени од еден до друг поединечен случај. Додека постепено доаѓа до разбирање на овој закон, тој ќе биде изненаден од упростувањето на најзагадочните прашања кои се решаваат со негова помош. На тој начин човекот треба потполно да го усвои Законот и да го направи образец во својата свест; ова само по себе ќе биде доволно да го иницира, да ги раствори неговите комплекси и да ја разоткрие неговата суштина; така ќе постигне знаење и разговор со Светиот Ангел Чувар.

Јас го практикував Законот за да ја потврдам неговата вистина како во многу разновидни ситуации и форми, така и низ многу разновидни сфери на мислење, се’ додека апсолутно не се зацврсти во мене, во толкава мера што сега е моја “равенка на идентитет”, аксиоматска, а сепак не како излитена фраза, туку како чист меч на Вистината што го одврзува секој јазол само со допир.

Како практична етика на овој Закон, јас формулирав со едносложни зборови моја декларација за

ПРАВА НА ЧОВЕКОТ
“Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон”
Не бог, туку Човекот

Човекот има право да живее по својот сопствен закон-
да живее на начин како му е по волја:
да работи по својата волја;
да се забавува по својата волја;
да се одмара како му е волја;
да умре кога и како му е волја.

Човекот има право да јаде што му е волја;
да пие што му е волја;
да престојува каде му е волја;
да се движи по површината на земјата по својата волја.

Човекот има право да мисли по своја волја;
да зборува што му е волја;
да пишува што му е волја;
да црта, слика, резбари, гравира, кова, гради по своја волја;
да се облекува како му е волја

Човекот има право да љуби како сака –
задоволете се во љубовта како сакате, кога и со кого ви е по волја.

Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.1

( Мои коментари на Liber Oz)

Овој исказ не треба да биде сфатен како неконтролиран индивидуализам. Неговата хармонија со вештината на управување на државата е демонстрирана во Поглавјата на Liber Aleph [достапна на македонски јазик], која беше претходно цитирана – види коментар на Второ Поглавјe, стих 72.2 (се мисли на Второ поглавје од Книга на Законот).

Модерната мисла, вклучувајќи ги и најплиткоумните, присилена е под дејство на Аиваз да го прифати Неговиот Закон, па и во случај да не знае што значи тој.

На пример: “Господ е ветер кој дува од никаде и тој се нарекува Волја; тоа е единствено оправдување за човековото постоење на Земјата.”, ова е напишано од еден дебел тапчо каков што е Гилберт Кејт Честертон, во Летечката Гостилница.3


1 [Ова е суштинскиот текст на Liber Oz svb figura 77]
2 [Мал извадок од Liber Aleph од овој коментар има овде]
3 [G.K. Chesterton, The Flying Inn (1914), глава 17]

Advertisements