Пламениот меч и бројот 777


За онoј читател кој што не е запознаен со методите на кабалата и термините што се користат, најсрдечно му препорачуваме да го прочита Воведот во „Разоткриена кабала“ од S.L. “MACGREGOR” MATHERS, со што ќе има добра основа за разбирање на основите на кабалистичките пракси. Овој есеј ќе биде за многумина нејасен и збунувачки, но целта е да се натера духот да истражува, да се надоградува секогаш кон Највисокото, секогаш кон највнатрешното.

*      *      *

Пламениот меч, како и Змијата на Мудроста се дел од Дрвото на Животот и се негов динамичен аспект кој што води надолу, односно нагоре, соодветно. Пламениот меч на Дрвото на животот ги следи сефиротите од Кетер(כתר)-Круната па до Малкут(מלכות)-Кралството (каде што се наоѓа неговиот врв), додека Змијата на Мудроста ги следи патеките од Тав(תו) па до Алеф (אלף) каде што завршува нејзината глава.

Ако ги разгледаме патеките преку кои минува Пламениот меч добиваме девет патеки чии вредности ако се соберат се добива 777. Бидејќи преку Бездната не минува патека, Гимел (גמל), патека која што ги врзува Кетер со Тифарет и дирекно минува преку Бездната, е земена како патека преку која минува Пламениот Меч и се врзува со долните сефироти од Дрвото на Животот.

Патеките преку кои минува Пламениот меч следејќи ги сефиротите од Кетер до Малкут надолу се:

  • אלף (Алеф) чија бројна вредност е 1 и е препишана на тарот картата Будала (0);
  • דלת (Далет) чија бројна вредност е 4 и е препишана на тарот картата Императорка(III);
  • גמל (Гимел) чија бројна вредност е 3 и е препишана на тарот картата Првосвештеничка(II);
  • טית (Тет) чија бројна вредност е 9 и е препишана на тарот картата Снагa(XI);
  • למד (Ламед) чија бројна вредност е 30 и е препишана на тарот картата Правда(VIII);
  • נון (Нун) чија бројна вредност е 50 и е препишана на тарот картата Смрт(XIII);
  • פה (Пе) чија бројна вредност е 80 и е препишана на тарот картата Божја Куќа(XVI);
  • ריש (Реш) чија бројна вредност е 200 и е препишана на тарот картата Сонце(XIX);
  • תו (Тав) чија бројна вредност е 400 и е препишана на тарот картата Универзум(XXI);

Ако ги собереме вредностите на овие патеки се добива дека вредноста на Пламениот меч е:

777 = אלף+דלת+גמל+טית+למד+נון +פה +ריש +תו

777 = 400+200+80+50+30+9+3+4+1

Ако погледнеме во „Sepher Sephirot“ гледаме дека 777 е אחת רוח אלהימ חיימ (Achat Ruach Elohim Chiim) – Една е Таа Духот на Елохим на Животот, што го сумира во потполно единство целото „Дрво на Животот“ со сета негова комплексност и флексибилност.

Ако пак ги собереме римските броеви на тарот картите кои одговараат на патеките кои го опишуваат Пламениот меч се добива:

XXI(ת)+XIX(ר)+XVI(פ)+XIII(נ)+VIII(ל)+XI(ט)+II(ג)+III(ד)+O(א)= XCIII

Како што знаеме пак, 93 е бројната вредност на зборот Телема (Θελημα) што значи волја и се среќава во „Книгата на Законот“ каде што се вели:

Зборот на Законот е Телема – Книга на Законот, Поглавје I, Стих 39

Исто така 93 е и Агапе(αγάπη) што значи љубов, и заедно со Телема го дава нашиот телемитски поздрав: Љубовта е закон, љубов под волја кој што е даден во „Книгaта на Законот“.

Ако ги напишеме мистичните знаења за буквите кои го градат Пламениот меч ќе добиеме:

Будаловата погибел е Урнатина.
Портата на Рамнотежа на Универзумот.
Светиот Анѓел Чувар се достигнува со Само-пожртвуваност и Рамнотежа.
Таа која ја владее со Тајната Сила на Универзумот.
Со Рамнотежа и Само-пожртвуваност, Капијата!
Иницијацијата е чувана од двете страни со смрт.
Тврдината на Највозвишениот.
Во Сонцето (Озирис) е Тајната на Духот
Универзумот е Хексаграм.

*      *      *

Пламениот меч е оној кој што блеска со пламени јазици на Љубовта и Волјата, со кој може да се скршат прангите на Портата на Разбирањето која води кон Едем, местото каде што течат четирите реки кои го хранат Духот на Човекот и да не соедини со Неа, Духот на Елохим.

Fra. Tz


Advertisements