Магика, Телема

Табела на Единството


Во овој текст ќе дадеме некои технички детали во врска со Табелата на Единството ( Table of Union ) која што се користи во енохијанкста магика воспоставена од страна на Џон Ди и Едвард Кели во XV век. Нормално, ќе ја избегнеме „досадната“ историја на овој систем и веднаш ќе преминеме на објаснување на Табелата на Единството.

Табелата на Единство(Табелата на Духот) ги врзува Четирите Големи Табели – Стражарници во Една целина. Бидејќи не очекуваме да знаете нешто за нив, во иднина ќе дадеме некој мал опис на истите. Сега е доволно да знаете дека тие се четири на број и се однесуваат на четирите елементи: Големата Стражарска кула на Север (Енохијанска Елементална Табела на Земја), Големата Стражарска кула на Исток(Енохијанска Елементална Табела на Воздух), Големата Стражарска кула на Југ(Енохијанска Елементална Табела на Оган) и Големата Стражарска кула на Запад(Енохијанска Елементална Табела на Вода), кои се изградени од 12×13 квадрати, поточно пирамиди со соодветни бои на страните на пирамидите, со соодветни атрибутски бои на енохијанските букви. Овие Стражарски кули се изградени од суб-елементи кои ќе пробаме во иднина да ги објасниме.

Табелата на Единство е добиена од Големиот Црн Крст кој што ги држи во една целина овие Четири Големи Стражарски Кули на универзумот.

Големата Енохијанска Табела

Од Крстот што ги држи во единство Четирите Големи Стражарски Кули добиваме:

  • Ако ја следиме вертикалната линија одозгора надолу добива:
    • EXARP за Воздух
    • HCOMA за Вода
  • Ако ја следиме хоринзонталната линија од лево на десно добиваме:
    • BITOM за Оган
    • NANTA за Земја

Гледаме дека и самиот Црн Крст на Единството е урамнотежен со активните и пасивни елементи. Во Големиот Ритуал на Пентаграм се користат соодветните пасивни или активни призивни (истерувачки) пентаграми на Духот, во зависност од елементот. Се надеваме знаете кои се активни а кои пасивни.

Од овие Имиња се добива Табелата на Духот која управува со Четирите Стражарски Кули и која мора да биде присутна при било каква работа со Стражарските кули и енохијанските клучеви.

Иако на сликите се гледа дека Табелите се изградени од квадрати, тие се всушност пирамиди, со четири страни кои имаат соодветни атрибуции. Исто е и со Табелата на Духот. Таа е изградена од пирамиди на чиј врв се наоѓаат соодветните букви од Црниот Крст на Единството.

Бидејќи овде буквите се енохијански ќе објасниме кој ред на кое Име од Црниот Крст одговара, од каде боите на страните итн.

Првиот ред на Табелата на Единство се однесува на елементот Воздух и ја отвара Големата Стражарска Кула на Истокот и овој ред го дава Името EXARP (Егзарпе).

Вториот ред на Табелата на Единство се однесува на елементот Вода и ја отвара Големата Стражарска Кула на Западот и овој ред го дава Името HCOMА(Хакома).

Третиот ред на Табелата на Единство се однесува на елементот Земја и ја отвара Големата Стражарска Кула на Северот и овој ред го дава Името NANTA(Енанета).

Четвртиот ред на Табелата на Единство се однесува на елементот Огани ја отвара Големата Стражарска Кула на Југ и овој ред го дава Името BITOM(Битоме).

Од првите букви во секој ред се добива Големото Име EHNB кое што управува со целата Табела на Единство, но ретко се користи за дирекна комуникација со Табелата на Духот.

Како се добиени боите?
Десните страни на пирамидите ги следат боите на Редот. Првиот ред е Возудх така што сите десни страни на пирамидите во тој ред се жолти. Вториот ред е редот на Вода, па сите десни страни од пирамидите се плави.

Левите страни на пирамидите пак ги следат боите по овој редослет во секоја колона:

  1. За Духот – Бела боја
  2. За Воздух – Жолта
  3. За Вода – Плава
  4. За Земја – Црна
  5. За Оган – Црвена

Така, за третата колона сите леви страни ќе бидат со плава боја. За петата колона, сите десни страни од пирамидата ќе бидат со црвена боја.

Самите букви на врвот на пресечените пирами се имиња на Ангели и се во соодветната боја на елементот.

Како се читаат буквите?
Секоја буква се чита на еден начин, а во збор се изговара на сосема друг начин. Во прилог ги даваме буквите како се читаат на енохијански, но не и изговорот.

Енохијански Латиница Изговор
A Ун
B Па
C Ве
D Гал
E Граф
F Ор
G Гед
H На
I Гон
L Ур
M Тал
N Друкс
O Мед
P Малс
Q Гер
R Дон
S Фам
T Гисг
V Ван
X Пал
Z Цеф
Advertisements