Поголемиот ритуал на пентаграм


Ова е среден и дополнет со слики ритуал кој што е поместем во „Liber  O“ дадена во „Магика, Книга 4“  од Алистер Кроули

За разлика од „Малиот истерувачки ритуал на пентаграм“ во кој се користеше само истерувачкиот пентаграм на Земја, овде се користат истерувачките (или призивни) пентаграми на сите елементи под палката на истерувачкиот (или призивен) пентаграм на Духот (активен и пасивен). Целта е иста но нивото на дејствување на ритуалот е подлабок и посуптилен. Откако сте го усовршиле „Малиот истерувачки ритуал на пентаграм“ може да преминете кон изведување на овој.

Во овој ритуал елементите може и да се призиваат и да се тераат елементите и тоа се призиваат или истеруваат во балансирачка форма обединети преку Духот. Ако го користите овој ритуал за призивање на елементи, најдобро е претходно да се изведе „Малиот истерувачки ритуал на пентаграм“, па потоа призив на елементите. Секако, да не заборавиме да потсетиме дека секогаш започнувате и завршувате со Кабалистичкиот крст.

Поголемиот Ритуал на Пентаграм

Во „Liber O“ се вели:

„Пентаграмите се исцртуваат во воздухот со мечот или друго оружје, името се изговара гласно… “

Да напоменеме дека Божествените Имиња и Знаците се земени од Liber 777 (достапна на македонски јазик), колона V, а редовите кои се однесуваат за елементите се:

11 – Алеф за Воздух, 23 – Мем за Вода, 31 – Шин за Оган 32 bis – Тав за Земја 31 bis – Шин за Духот   

  1. Како што рековме, најпрво се изведува Телемитскиот кабалистичкиот крст свртени кон Болескин (северо-запад) (заб. Видете го „Малиот истерувачки ритуал на пентаграм за зборовите на Кабалистичкиот крст)
  2. Свртете се на Исток и исцртајте го призивниот пентаграм на Духот-активен вибрирајќи го божественото име како што е дадено на сликата:

сл. 1

3.  Дадете го знакот на Отварање на Превезот

сл. 2

4. Исцртајте го призивниот пентаграм на Воздух вибрирајќи го божественото име како што е дадено на сликата:

сл. 3

5. Дадете го Знакот на Воздух (Богот Шу)

6. Движете се деосил (во насока на стрелките на часовникот, кон југ) и исцртајте го призивниот пентаграм на Духот-Активен вибрирајќи го името како на сл. 1 и направете го Знакот на Отварање на Превезот.

7.  Направете го призивниот пентаграм на Оган вибрирајќи го божественото име дадено на сликата подолу:

сл. 3

8. Дадете го Знакот на Оган (Божицата Тум-аеш-неит)

сл.4

9. Движете се деосил (кон запад) и исцртајте го призивниот пентаграм на Духот-пасивен вибрирајќи го името како на сл. 1 но внимавајте сега се работи за пентаграм на Духот-пасивен. Направете го Знакот на затворање на Превезот.

10. Исцртајте го призивниот пентаграм на Вода вибрирајќи го божественото име како на сликата подолу:

сл.5

11. Дадете го знакот на Вода (Божицата Аурамот)

сл.6

12. Движете се деосил (кон север) и исцртајте го призивниот пентаграм на Духот-пасивен вибрирајќи го божественото име како на сл. 1 но внимавајте, и овде се работи за пентаграм на Духот-Пасивен. Направете го Знакот на Затворање на Превезот

13. Исцртајте го призивниот пентаграм на Земја вибрирајќи го божественото име како на сликата подолу:

сл.7

14. Дади го знакот на Земја (Богот Сет)

сл.8

15. Движете се деосил (кон Исток) застанете исправено со раширени раце, дланките свртени нагоре и кажете:

„Пред мене Рафаел (רפאל), зад мене Габриел (גבריאל); од моја десна страна Михаел (מיכאל), од моја лева страна (А)Уриел (אוריאל); Околу мене пламтат Пентаграми, во столбот сјае Хексаграм.“

16. Изведете го Телемитскиот кабалистички крст свртени кон северо-запад.


Advertisements