Асана – положба


Извадоци од „Магика – Книга 4“ од А. Кроули

Cover of Magick, Liber ABA, Book 4 by Aleister...
Cover of Magick, Liber ABA, Book 4 by Aleister Crowley. (Photo credit: Wikipedia)

Проблемот кој е пред нас можеме да го изложиме едноставно. Човекот сака да стекне контрола над својот ум за да биде во состојба да мисли без вознемирување една одредена мисла онолку долго колку што му е волја.

Првите потешкотии доаѓаат од телото кое го потврдува своето присуство со предизвикување кај жртвата чешање, и ни го одвлекува вниманието на најразлични начини, тоа би се протегало, кивало и чешало и што уште не, и тоа толку упорно што Хиндусите (на својствен за нив, научен метод) измислиле посебни вежби за смирување.

Зборот Асана значи положба, но како што е случај со сите останати зборови неговото првобитно значење е изменето, и користен е да означи различна појава од страна на различни автори. Најголем авторитет што се однесува на “Јогата” е Патанџали. Тој вели:

Асана е она што е цврсто и удобно.

Во извесна смисла тоа е точно затоа што секоја положба порано или подоцна станува удобна.

Постои одредена врста на златна средина помеѓу вкочанетост и млитавост. Мускулите не треба да бидат премногу напнати, но исто така не треба да бидат потполно млитави. Пожелно е чувство на физичка будност. Помислете на тигар спремен за скок, или на веслач додека чека на сигналот за старт на трката.

*      *      *

Во текот на вежбањето ќе  се појават грчеви и замор, студентот мора да стегне заби и да пројде низ сето ова. Помалите чувства како чешање и слично ќе поминат брзо ако не се обрнува внимание на нив, но грчевите и заморот ќе бидат се понагласени кон крајот на вежбањето. Може да почнете со половина час, до еден час дневно. Студентот не смее да обрнува внимание ако процесот на “излегување” од асана биде пропратен со неколку минутно патење.

Како напредувате, неудобноста ќе се појавува се порано, во текот на едночасовното вежбање, и ќе биде толку незгодна, што губењето желба за понатамошно вежбање ќе стане несовладлива. Студентот мора да биде упорен и да не замислува дека некоја друга положба би била полесна за совладување од онаа која ја одбрал, ако  почнете да менувате положби тогаш сте изгубени.

*      *      *

Можеби наградата воопшто не е далеку: ќе се случи еден ден, болката изненадно да се заборави, исто така и присуството на телото, тогаш ќе сфатите дека до тогаш телото било ограничено од свеста, а дека свеста била свест за болка и во тој момент човекот ќе разбере поради неописливото чувство на олеснување, дека не само таа положба била неудобна во смисла на физичка удобност, туку дека секоја друга замислива положба е подеднакво болна. Тоа чувство претставува успех.

Други резултати од оваа вежба се опишани од индиски автори, кои моментално не се од наш интерес.


  • Осум лекции за јога – А.Кроули (издадена на македонски, тврди корици)
  • Магика Книга 4 – А. Кроули (издадена на македонски јазик)
Advertisements

One thought on “Асана – положба

Коментарите се затворени.