Телема

За кого ќе гласате? Бр.666 е мојот предлог!


Ова е само мој предлог за кого да гласате на наредните избори (без разлика дали ќе гласаме за нова влада, нови 120+ „преставници на народот“, градоначалници)! Размислете добро…

Зошто Ви го предлагам Алистер Кроули за кандидат за наредните парламентарни избори(без разлика за што гласа македонскиот народ?)

Па подобро да се надевате и да ги ставите во пракса зборовите на вистински „мртвиот“ човек кој рекол: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон, отколку да се надевате на овие живи мртовци кои ни го узурпираат правото на живот и правото на слободно изразување со лажна демократија (со закони кои повеќе ја задоволуваат Европа отколку нас, луѓето кои живееме овде) која доведува до оној познат закон – Раздели па владеј.
И ако се запрашате навистина со која цел се прави ова? ГО добивате одговорот многу брзо: заради една единствена нивна цел:
Да ја задоволат нивната илузорна моќ која трае толку кратко! Луѓе што не сакаат да бидат вечни со своите дела и своите постапки, луѓе за кои „Човештвото пред се“ не важи, не треба ниту да бидат преставници на народот!
Размислете на наредните избори мили мои на кому ја давате моќта доброволно.

Повелете, повеќе за овој мој предлог има во оваа брошура!

Advertisements