Liber 777 и Sepher Sephiroth на македонски


English: Aleister Crowley title page (777 and ...
English: Aleister Crowley title page (777 and Other Qabalistic Writings of Aleister Crowley (Photo credit: Wikipedia)

Конечно, после толку време, во понедленик (22. 10. 2012 год.) излегува од печат првото издание на

Liber 777
Vel Prolegoma Symbolica
Ad Systemam Sceptico-Mysticae Viae Explicande,
Fundamentum Hieroglyphicum Sanctissimorum
Scientiae Summae

заедно со Sepher Sephiroth (како една книга) на македонски јазик.

За книгата имаме зборувано премногу на овој блог, сте среќавале многу табели и извадоци од истата книга. Пребарајте по блогот за Liber 777 и ќе видите што се содржи ова ремек дело на окултната мисла(иако сосем малку е прикажано знаењето од оваа книга на овој  блог).

За оние кои прв пат се среќаваат со оваа книга треба да знаат само едно:

Оваа книга е бесценета енциклопедија на окултната магиска пракса од која знаење црпат многу познати и непознати Редови. Книга која што треба да ја поседува секој сериозен аспирант кој што ги истражува разните системи кои се расфрлани по Земјината топка и кој што жеднее кон практично искуство на бесконечните фрази и симболи кои се толку неразбирливи за многумина.
Ова е книга која на вистинскиот истражувач му ги дава плодовите потребни за пракса и истражување на разните знаења сокриени од многумина.

Sepher Sephiroth пак е речник на еврејски зборови (преведнеи на македонски) кои се групирани според заедничката бројна вредност. Оние запознаени со гематријата знаат зошто служи овој речник, оние што не знаат, преку книгата ќе дознаат многу работи и ќе си одговорат зошто, како, кога…

Дополнително ќе бидете известени каде и како да ја набавите Liber 777.

Advertisements