Телема во Музиката – Starblind


Ова е песна од heavy metal бендот Iron Maiden, наречена Starblind. Ми се виде прикладна со философијата на телемата и ме потсети на многу стихови од „Книгата на Законот“, па решив да ја споделам со вас.
Подолу следуваат стиховите (кои директно ме потсетија од самиот текст на песната) од Liber AL vel Legis svb figura CCXX. Ваше е да уживате во музиката и да ја прочитате Книгата на Законот.

Еве цитати за да ја доловите нормално смислата на песната.

Секој маж и секоја жена е ѕвезда!“ – Book of the Law, I:3

Дојдете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!“ – Book of the Law, I:12
„Тие ќе ги соберат моите деца во нивната прегратка: тие ќе ја донесат славата на ѕвездите во срцата на луѓето.“ – Liber AL,I:15

„Зашто тој е секогаш сонце, а таа луна. Но кон него е крилестиот таен плам, а кон неа надвиената ѕвездена светлина.“ – Liber AL, I:16
Сега, значи, јас сум ви позната по моето име Нуит,… Бидејќи сум Бескрајна Вселена, и Безбројните Ѕвезди во неа, правете и вие така. Не ограничувајте ништо! Меѓу вас нека не се прави разлика помеѓу нешто и што било друго;“ – Liber AL, I:22

„Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
Зборот на Гревот е Ограничување. О мажу! Не одбивај ја твојата жена, ако и е волја! О Љубовнику, ако ти е волја, напушти! Не постои врска што ќе ги соедини разделените освен љубовта: се друго е проклетство. Проколнат! Проколнат нека биде со еони! Пекол.“ – Liber AL, I:40-41

ти немаш право освен да ја извршуваш својата волја.
Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.
За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.“ – Liber AL, I:42-43

„Така имате ѕвезда и ѕвезда, систем и систем; нека едното не го познава добро другото!“ – Liber AL,I:50
„Привикајте ме под моите ѕвезди! “ – Liber AL, I:57

Јас сум пламен што гори во срцето на секој човек, и во јадрото на секоја ѕвезда. Јас сум Живот, и дарител на Живот, но сепак спознавањето на мене е спознавање на смртта.“ – Liber AL, II:6

„Ние немаме ништо со отфрлените и неспособните: нека умрат во својата беда. Оти тие не чувствуваат. Сочувството е порок на кралевите: згази ги бедните и слабите: тоа е закон на силните: тоа е наш закон и радост на светот. Не мисли, о кралу, за таа лага: Дека Мораш Да Умреш: навистина ти нема да умреш, туку ќе живееш… Сонце, Сила и Вид, Светлина; тие се за служителите на Ѕвездата и Змијата.“ – Liber AL, II:21
 Јас сум сам: нема Бог каде што сум јас“ – Liber AL, II:23

„Внимавајте никој да не го присилува другиот, Крал против Крал! Сакајте се со распламтени срца; по ниските луѓе газете во дива страст на вашата гордост, во денот на вашиот гнев.“ – Liber AL,II:24

Јас сум воздигнат во твоето срце; и бакнежите на ѕвездите се истураат силно по твоето тело.“ – Liber AL, II:62

„Но запомни, о избранику, да бидеш јас; да ја следиш љубовта на Ну на ѕвезденото небо; да ги бараш луѓето, да им го кажеш овој радосен збор.“ – Liber AL, II:76

„Completing the circle widdershins, retire to the centre and raise thy voice in the Paian…“ – Liber XXV (startripping)

Има премногу за цитирање и од многу други наши свети книги, но мислам дека ова е доволно. Оставаме на вас. Пробајте вие да најдете други врски со нашата философија и нашите свети книги, без разлика дали се философски или пракса.
Сега, уживајте во музиката и зборовите

П.С. Интересно е што се споменува во песната Божица, а не Бог.

Advertisements