Кабала

Кабала – За четирите светови и уште нешто


Дрво на Животот
Дрво на Животот со сите атрибуции
עץ החיים

На сликата се даден четирите светови (Ацилут, Бриах, Јецирах и Ашијах), дадени се петте делови на душата (Јехидах, Хиах, Нешемах, Руах и Нефеш), 22 патеки (букви од еврејскиот алеф-бет) и нивните атрибуции (планети, елементи, бројни вредности на буквите), десетте сефироти и нивните сфери итн.

Ги споменав четирите светови кои се хиерархиски поставени еден врз друг и кои градат едно големо Дрво на Животот.

  • Ацилут(עולם אצילות) е светот на еманации, на чистите идеи, архетипови, чиста божественост, Шекина;
  • Бриах(עולם בריאה) е светот на создавањето каде што според кабалата се архангелите; веднаш после божествениот Ацилут;
  • Јецирах(עולם יצירה) е формативниот свет и е надополнување на Бриах во кој „нештото“ што е создадено, овде во Јецирах добива форма. Според кабалата ова е место на ангелите;
  • Ашијах(עולם עשיה) е материјалниот свет каде што се случува магиката на дејствување во нашиот три димензионален простор низ времето. Она што е оформено во Јецирах овде веќе може да биде употребено.

Целата магика се состои во тоа да се дојде во светот Ацилут и од таму да се премине во Бриах со новото разбирање на суштината на некоја идеја, со стекнатото искуство од Бриах при создавањето да се оформи совршена форма на таа креација со Руах осветлен директно од Нешемах, и да се дејствува просветлено во Ашијах, материјалниот свет.

Како се постигнува тоа? Одговорот е: јога и магика. Без овие две патеки, човекот само си игра и ништо сериозно нема да постигне, дури и може да се повреди низ експериментите и обидите.
Некои би се запрашеле зошто токму овие две патеки. Одговорот е лесен.
Ви треба патеката на јогата(значи соединување) за мирен и концентриран ум за да може било што да го соберете во една бесконечна мала точка колку и да изгледа сложен „објектот“ кој се набљудува и Ви треба патеката на магика за прошурување на свеста и вашето битие до бесконечност и запознавање на силите кои владеат со различните светови и нивно управување преку познати магиски формули и пракси. Ова се две навидум спротиставени патеки, но со пракса и одење по овие две патеки, ќе разберете како се тие врзани надвор од секое разумно објаснување кое јас или било кој би можел да ви го долови со зборови.

Да се вратиме на нашата задача.
Во секој од кабалистичките светови треба да разберете дека се содржи по едно цело Дрво на Животот со десет сефироти и дваесет и две патеки, со соодветни атрибуции во зависност од местоположбата(поблиску или подалеку до Кетер и трите превези на Ништото како најсовршен вид) и својствата на самиот свет.

Не може да очекуваме Дрвото на Животот во Бриах да биде исто со она во Ашијах. Бриах е пофин и посовршен свет од Ашијах – материјалниот свет, светот на ограничувачките три димензии, времето, во кој што голема улога во градење на реалноста игра разумот или Руах, кој што пак поле на егзистирање му е Јецирах – формативниот свет кој што е директно врзан со Бриах. Ако ја погледнеме сликата, гледаме дека токму Јецирах е „врска“ помеѓу светот на Бриах и Ашијах. Атрибуциите на Дрвото на Животот од свет во свет се менуваат како што совршената идеја од Ацилут се симнува до Ашијах.

Но, иако можеби некои атрибуции на Дрвото на Животот ни изгледаат контрадикторни од свет во свет како што се симнуваме од светот на архетиповите кон материјалниот свет, сепак постојат „тајни“ врски кои ги врзуваат овие атрибуции кои го градат овој прекрасен универзум на сили и дејствувања. Ако ја погледнете Liber 777 ќе видите дека постојат различни бои за патеките и сефиротите за различни светови, постојат различни божествени имиња врзани за тие сефироти (еманации). Со изучување и пракса ќе дојдете до знаење зошто и како е ова направено и што со тоа. Наша задача како истажувачи е колку што можеме повеќе да ги откриваме овие тајни пропорции, да ги присвојуваме и употребуваме додека се „качуваме“ нагоре кон Вистината разобличувајќи ги илузиите на Разумот под Бездната.

За да се објасни целата работа е потребно повеќе од книга, овде само даваме мали капки на објаснувања кои вие како поединци треба да ги истражите, асимилирате и практикувате за да имате некоја корист од ова. Никој не станува ништо повеќе од ова денес без работа.

И за крај, да не заборавиме!
Дрвото на Животот колку што е флексибилна слика на самиот универзум, толку е и слика на самиот човек како дел од тој универзум, дури и слика-копија на таа бесконечност која што ја нарекуваме универзум. Освојувајте го „човекот“ за да го освоите универзумот!
Да не го заборавиме тоа никогаш!

Advertisements