Алатката 777


Денес би сакал да ја претставам малку подобро новата алатка, Алатка 777 (чие лого и линк може да го најдете на блогов десно во менито), дело на еден македонски програмер.

Алатката во основа е поделена на три дела:

  • гематриски калкулатор со кој може да пресметувате бројна вредност на непознати зборови
  • речник на еврејски зборови групирани по нивната бројна вредност низ кој може да се пребарува на три начини: пребарување на англиски збор, еврејски и бројна вредност.
  • Атрибуции на различни симболи низ различни системи изгрден врз база на Liber 777

Алатката 777 е производ од книгата Liver 777 и Sepher Sephiroth која може да ја набивте на македонски јазик (оди заедно како една целина со Liber 777) во „Табернакул“.

Зошто би пребарувале? Ако сте ревносен истражувач и практичар во магика, церемонијална магика поточно, изработување на талисмани на пример или еврејска кабала, веќе знаете дека се работи со разни пропорции со кои ќе го изградите вашиот магиски круг, талисман, мисла или што и да е. Без добри пропорции, се што градите е исто како да го градите во песок со темели длабоки десет сантиметри.

За да може да добиете некоја престава што би можеле со оваа алатка, ќе пробаме да обработиме еден пример каде што ќе пресметаме бројна вредност на непознат збор, ќе ја пребараме неговата вредност во речникот и како да ги интерперираме добиените резултати.

Да претпоставиме дека вие сте личност која обожава да чита телемитска литература, личност која ги студира и истражува нашите пракси и философија. Сигурно така читајќи и истражувајќи, многупати сте дошле до зборот Љубов или пак Единство. Многупати овие зборови сте ги сретнале и со еврејски зборови, или пак вие самите сте пребарувале за да видите како ли се пишуваат овие зборови на еврејски. Како и да е, овде ќе бидат дадени за да успееме во нашата намера да ја објасниме алатката.

Љубов на еврејски се пишува אהבה , а се чита ехевах. Како почетник кој што не ги знае бројните вредности на еврејскиот алеф-бет, тешко да ја добиете бројната вредност на целиот збор. Ако е таков случајот, тогаш одете на Алатката 777 и десно во менито, преку калкулаторот внесете ги со кликнување буквите од зборот што Ве интересира. Во нашиот случај א ה ב ה.

Како што кликнувате автоматски се пресметува бројната вредност на внесените букви и англиската транскрипција. За зборот љубов ако сте ги внеле точно буквите се добива дека има гематриска вредност 13. Што би ни значело нам тоа?

Во кабалата постои гранка која е наречена гематрија. Според оваа наука, секој збор кој што има иста бројна вредност со друг збор или пак цела реченица, се надополнуваат едни со други. Пронаоѓањето на врските помеѓу вакви зборови или реченици не е врзано со логиката или разумот. Потребно е длабока анализа која ќе ви ги даде тајните врски на зборовите, дури и ако тие навидум се дијаметрално спротивни во нивната смисла. Ајде да пробаме.

Во полето лево во главниот прозор, внесете ја бројната вредност на Љубов и кликнете Search. Како резултат ќе добиете зборови кои исто така имаат бројна вредност 13.

Како што гледаме, зборот Единство (на еврејски אחד – Ахад) има иста бројна вредност како и Љубов. Од нашето човечко искуство знаеме дека Љубовта соединува и значи Единство со нештото кое се љуби. Без многу објаснувања се забележува врската помеѓу Љубовта и Единството. Но, ајде да го прошириме ова.

Ако ги соединиме Љубовта и Единството, нивниот збир е 26. Ние нормално, ете не знаеме кои се зборови имаат бројна вредност 26. Пребарувајќи, добиваме дека 26 е יהוה (YHVH , еврејскиот тетраграматон за Богот). Од нивните книги знаеме дека нивниот концепт на Бог(יהוה = 26) е Единство (13) и Љубов(13). Исто така 26 е и חוזה, гледање, но ова гледање е во смисла, гледање во иднината, како пророк или видовит човек. Можеби ќе успеете да направите врска помеѓу יהוה,אהבה,אחד и חוזה. Ќе оставиме да може да вежбате.

Исто така со алаткава може да пребарувате еврејски зборови, но мора да ги внесете со англискта транскрипција, и нормално, да пребарувате и англиски зборови. Резултатот ќе биде еврејски зборови кои го содржат вашето барање(дадени и на еврејски и со англиска транскрипција) подредени по бројна вредност, за да може полесно да ги пронаоѓате зборовите кои вам ве интересираат, кои имаат иста бројна вредност и да ги откривате нивните тајни врски во вашата работа.

Се надевам дека овој текст ви даде некои основни инфорамции како да работите со алатката и што да барате. Ако имате било какви прашања, слободно коментирајте овде или преку контакт формата.

Advertisements