Магика

Што е Магика (дефиниции, постулати и теореми)


Ова што следува е извадок од „Магика без Солзи“ на А.Кроули (достапна на македонски јазик) и добро е секој аспирант, истражувач или било кој заинтересиран за телема и магика, да ги знае и разбира овие работи колку што може подобро, и нормално, да ги практикува колку што може подобро!

Објаснувањата на овие постулати, теореми, дефиниции може да ги најдете во споменатата книга.

Што е Магика? Зошто човек да ја студира или практикува?

Сосема природно; очигледни воведни прашања за секој предмет.
Прво, дозволи ми Евклидова метода и закопај го својот нос во Дефиницијата, Постулатот и Теоремите, кои се дадени во мојата обемна (но, за жал! премногу напредна и стручна) Расправа за овој предмет.

Да почнеме!

ДЕФИНИЦИЈА.

Магиката е Наука и Уметност за предизвикување Промени во согласност со Волјата.

ПОСТУЛАТ.

СЕКОЈА сакана Промена може да биде постигната со примена на соодветен вид и степен на Сила на соодветен начин преку соодветна средина на соодветен предмет.

III. ТЕОРЕМИ.

  • Секој намерен акт е Магиски Акт.
  • Секој успешен акт е во согласност со постулатот.
  • Секој неуспех докажува дека еден или повеќе услови од постулатот не биле исполнети.
  • Првиот услов за предизвикување на секоја промена е потполно квалитативно и квантитативно сфаќање на условите.
  • Втор услов за предизвикување на некоја промена е практичната способност да се постават во правилно движење неопходните сили.
  • “Секој човек и секоја жена е ѕвезда”.Со други зборови, секое човечко суштество по природа е самостојна единка со сопствен карактер и сопствено движење.
  • Секој човек и секоја жена имаат пат, кој зависи делумно од личноста, а делумно од околината, која е природна и неминовна за секој.Секој, кој е истиснат од својот пат, или поради неразбирање на самиот себе, или поради противење од околината, доаѓа во судир со поредокот на Универзумот и поради тоа страда.
  • Човекот, чија свесна волја е во судир со неговата Вистинска Волја залудно троши сила.Тој не може да се надева дека успешно ќе влијае на својата околина.
  • Човек, кој ја извршува својата Вистинска Волја е потпомогнат од инерцијата на Универзумот.
  • Природата е непрекинат феномен, оттука не знаеме како работите се поврзани во сите случаи.
  • Науката ни овозможува да ја искористиме предноста на континуитетот на Природата преку емпириска примена на одредени принципи, чие заемно дејство вклучува во себе различни видови на идеи, кои се поврзани една со друга на начин што е надвор од нашето сегашно сфаќање.
  • Човекот не ја знае природата на своето битие и својата моќ.Дури и неговата претстава за неговите ограничувања е заснована на искуството од минатото, и секој чекор во неговиот напредок го проширува неговото царство. Затоа не постои причина да се поставуваат теоретски граници на она што би можел да биде, или на она што би можел да го направи.
  • Секој човек е помалку или повеќе свесен дека неговата индивидуалност опфаќа неколку редови на постоење, дури и кога тврди дека неговите суптилни принципи се само одлика на промените во неговото физичко тело.Може да се претпостави дека сличен поредок важи за целата природа.
  • Човекот е способен да биде и да користи се што перципира, зашто сето она што го гледа на одреден начин е дел од неговото битие. Така, тој може да го подјарми целиот Универзум за кој е свесен под своја Волја.
  • Секоја сила во Универзумот е способна да се преобрази во секој друг вид со употреба на соодветни средства. Оттука, постои неисцрпна резерва од секој посебен вид на сила, која може да ни биде потребна.
  • Примената на секоја дадена сила влијае на сите редови битија, кои постојат во предметот врз кој е применета, без разлика на кој од овие редови е директно влијаено.
  • Човекот може да научи да ја користи секоја сила, така што ќе му служи за остварување на која било цел, користејќи ги гореизнесените теореми.
  • Тој може да ја привлече кон себе секоја сила во Универзумот, така што од себеси ќе направи погоден приемник за неа, ќе оствари врска со неа и ќе ги подреди условите за да ја присили нејзината природа да тече кон него.
  • Човечкото чувство за себе како одвоен и спротивставен на Универзумот, е пречка за спроведување на струите на Универзумот. Тоа го изолира.
  • Човекот може да ги привлече и искористи само оние сили за кои тој е навистина погоден.
  • Во суштина не постои граница за обемот на врските на некој човек со Универзумот; зашто штом човек ќе се соедини со некоја идеја, мерката престанува да постои.Сепак, неговата моќ да ја искористи таа сила е ограничена од неговата ментална моќ и капацитет, и околностите од неговата човечка околина.
  • Секоја индивидуа во суштина е доволна на самата себе. Но, таа е незадоволна со себе, се додека не воспостави правилен однос со Универзумот.
  • Магиката е Наука за разбирање на самиот себе и сопствените состојби. Таа е Уметност на примена на тоа разбирање на дело.
  • Секој човек има неоспорно право да биде она што е.
  • Секој човек мора да се занимава со Магика секојпат кога дејствува или дури и мисли, зашто мислата е внатрешно дело чиешто влијание на крајот се пренесува на акцијата, иако во тој момент тоа не мора да изгледа така.
  • Секој човек има право, право на самозаштита, да се оствари себеси до крајни граници.
  • Секој човек треба да ја направи Магиката основен принцип на својот живот.Тој треба да ги научи нејзините закони и да живее според нив.
  • Секој човек има право да ја оствари својата волја без страв дека таа може да се судри со волјата на другите; зашто, ако тој е на својата вистинска патека, грешка е на другите ако се судираат со него.
Advertisements