Магика, Телема, Философија

ЗА ФИЛОСОФИЈАТА НА МАГИКА


Мал извадок од „Препород на Магиката“ – А.Кроули
Достапна на македонски јазик

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон.

Магиката е многу сериозна тема и имам да ви пренесам сериозна порака. Многу малку е разбрано од она што Магика всушност е. Во умовите на некои луѓе таа е поврзана со повикување духови. Во умовите на други е поврзана со шарлатанство. Сакам да ви кажам дека уште од најстарите периоди на човештвото Магиката била традиција на мудрите луѓе. Сакам да ви кажам дека суштинската доктрина на магичарот се однесува на човековото место во универзумот и дадена е во Книгата на Законот како ‘Секој маж и секоја жена се ѕвезди.’.

Што е ѕвезда? Философите секогаш се согласувале околу една работа – дека за Универзумот да биде разбирлив воопшто, тој треба да се смета како еден и хомоген. Оттука можете да ја разберете положбата на мистикот кој вели дека сите ние сме делови од телото на Бог. Може да разберете што е напишано во Библијата, ‘Вашите тела се храмови на Светиот Дух’. Токму на овие постулати е заснована општата теорија на Магиката.

Зошто е тоа така? Сите се согласуваме, без сомнение, дека сé што се случува е, на некаков философски начин, неопходно да се случи. Ајде да ги разгледаме авантурите на еден атом од кислород. Тој атом од кислород воопшто не е различен од кој било друг атом на кислород по себе. Првин, тој е идентичен во иста смисла во која сите ние сме идентични. Прашањето е – зошто да се менува таа состојба? Зошто да се спушта од апсолутното во материјалното? И одговорот е дека ќе претпоставиме дека атомот на кислород е самосвесен и станува свесен за оваа можност само преку влегување во комбинација со сите други атоми.

Ништо од правењето на тие комбинации не може да го уништи кислородот. Тој ќе остане кислород и може да биде екстрахиран како кислород, но во тек на процесот комбинација тој се стекнал со искуство и магичката теорија на Универзумот гласи дека сите ние сме дојдени на одредена ѕвезда или планета на која живееме со цел за да стекнеме искуство. Сите ние минуваме низ стадиуми во текот на тоа искуство. Некои од тие стадиуми се пријатни и некои по малку непријатни, но тие сите се неопходни со цел за да стекнеме потполно разбирање за самите себе.

Ова е помирувањето на магичката теорија меѓу слободната волја и судбината. Точно е, како што детерминистите ни имаат кажано, дека нашите дејства се автоматски – дека ние не сме поспособни за измислување оригинални мисли или изведување оригинални и волеви постапки отколку кој било друг дел од машинеријата. Тоа е доктрината на материјалистите. И ние велиме, ‘Да, многу добро, но кој ја измислил машинеријата?’. И одговорот е ‘Ние самите. Секој еден од нас.’.

Љубовта е закон, љубов под волја

Advertisements