Алхемија на Животот


Со дозвола на Fra. A.

Зедоа камен белутрак, од земја калива, неродна
Во Ноќ мрачна, таговна.
Венец му сплетоа, круг Нескршлив, од Дванаесет Светилници,
Со по Дванаесет Чувари И Дванаесет жени-Гаталки.

Со вода човечка го измија, за да памети,
Без Човечност да опстои.Со оган го Крстија, со име проклето, непроменливо,
За да се запамети Ноќта на Вечното Раѓање.

Божествен здив му дадоа, Смрт безбожна, јалова,
Доказ за својата Надмоќност.

Со ум го дарија, од ден на ден во заблуди да запаѓа,
За да не ја открие татковата си тајна…

Вечна свадба со голуб-девица.

Од пепел го кренаа, самоволна судба му сплетоа,
Од Сили-таблици вековни, вечни имиња непобитни.

Сомнеж во него пуштија, како црв проклетник да рие, поткопува,
За да уништува мисла волшебна, мисла семоќна.

Носен од крик Тишина, да талка, бара низ Ништото со Товар Човек,
За да дознае дека умира…

За да Постои…

Advertisements