НЕКОИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА LIBER RESH


Frater SiLVeSTeR

Неодамна Телемитскиот свет беше потресен од замената на еден збор од Обожувањата AL III:37, од “Аум! нека тоа ме исполни!” во “Аум! нека тоа ме убие!”.

Мнозинството Телемити не се свесни дека Обожувањата на Сонцето, онака како што се дадени во јавно достапната верзија на Книгата CC, се нецелосни. Овој текст е поттик за нивно посветување кон подлабоко разбирање на суштината на овој секојдневен Ритуал.

Алистер Кроули, “Магика без солзи”

“Како што ти реков и вчера, од најголема важност е посветувањето, без било какво колебање, на сè што некој е и на сè што некој има, на Големото Дело. Тоа мора секогаш да се има на ум, а начинот да се направи тоа е праксата на Liber Resh vel Helios, sub figura CC, стр 425 – 426 во “Магика”. Постои и друга покомплетна верзија на тие Обожавања, но и горниот текст е задоволителен. Битно е да не забораваш.”

Џејмс Васерман, “Во центарот на огнот”

“Мота ме подучи дека Обожувањата од Liber Resh се инвокации на Адонај… Марчело ми даде упатства за Тајното Обожување споменато во Liber Resh кое го користам до денес.”

Алистер Кроули, Нов Коментар на Книгата на Законот, AL III:37-III:38

“Третата строфа потсетува на Розенкројцерскиот Благослов:
Нека Умот ти биде отворен за Повисокото!
Нека Срцето ти биде центар на Светлина!
Нека Телото ти биде Храм на Ружиниот Крст!

Види го преводот на Стелата од Воведот на Книга 4 Дел IV. Забележи ги Четирите Страни од Светот или Четирите Соларни Станици од третиот и четвртиот стих на првата Строфа, и спореди ги со ритуалот даден во Liber Samekh. (Книга 4 Дел III, Додаток). ”

Се разбира, самиот текст на Liber Resh дава до знаење дека ова е пред сè A.’. A.’. ритуал:

“5. После секој од овие призиви треба да го дадеш знакот на Тишина, а потоа ќе обожуваш онака како што си поучен од својот Супериор и тогаш повлечи се во својата медитација. 6. Исто така уште подобро е ако се поистоветиш со Божествениот облик кој го обожаваш, како да си соединет со Него во обожувањето на Оној кој е над Него.”

Следуваат лични увиди и сугестии за индивидуална работа:

1. Најпрвин, положбата на Аспирантот: може да ја разгледаме повторно во контекст на раскрсницата помеѓу Самек и Пе, исто како во Малиот Истерувачки Ритуал на Пентаграм. Книгата на Законот AL III:38 вели

“…Има тајна врата што ќе ја направам за да го воспоставам твојот пат на сите четири страни од светот,…”

Ова неизбежно потсетува на AL I:51

“Има четири порти до една палата; подот на таа палата е од сребро и злато; лапис лазули и јаспис се таму; и сите ретки мириси; јасмин и роза, и симболите на смрт. Нека тој влезе последователно или одеднаш низ четирите порти; нека застане на подот од палатата.”

Обратете внимание на тајната порта.

20887_10151413106577963_1234479505_n

2. Вообичаените елементални атрибуции од Liber Resh се:

  • Ахатор е поврзана со Божицата Тум-еш-Неит, односно Оган.
  • Тум е поврзан со Богот Шу, односно Воздух.
  • Кефра е поврзана со Божицата Аурамот, односно Вода.
  • Преостанува Ра кој веројатно е поврзан со Земја.

Споредено со елементалните атрибуции од Малиот Истерувачки Ритуал на Пентаграм, Малиот Истерувачки Ритуал на Хексаграм, Рубиновата Ѕвезда и Liber V vel Reguli:

ИСТОК ЈУГ ЗАПАД СЕВЕР
LBRP Воздух Оган Вода Земја
LRH Оган Земја Воздух Вода
Star Ruby Оган Земја Воздух Вода
Liber V vel Reguli Земја Оган Вода Воздух
Liber Resh Земја Оган Воздух Вода

3. Следејќи ги инструкциите на Кроули од Коментарите за споредба со деловите од Liber Samekh како инвокација на Адонај:

“Направив тајна врата
Во Куќата на Ра и Тум,
На Кефра и на Ахатор.”

Дел Б, Воздух (Исток).
Замислата е за Воздух, светкав, населен со Соларно-Фалусна Птица, “Светиот Дух”, со Меркуровска Природа.

Дел В, Оган (Југ).
Замислата е за Оган, светкав, населен со Соларно- Фалусен Лав со Урановска природа.

Дел Г, Вода (Запад).
Замислата е за Вода, светкава, населена со Соларно-Фалусна Змија-Змеј, со Нептуновска природа.

Дел Д, Земја (Север).
Замислата е за Земја, светкава, населена со Соларно-Фалусен Нилски коњ [Свето животно на Aхатор. Идејата е за Женско замислено како неранливо, смирено, со огромна моќ за голтање итн.] со Венеријанска природа.

Дополнетата табела во тој случај би изгледала вака:

ИСТОК ЈУГ ЗАПАД СЕВЕР
LBRP Воздух Оган Вода Земја
LRH Оган Земја Воздух Вода
Star Ruby Оган Земја Воздух Вода
Liber V vel Reguli Земја Оган Вода Воздух
Liber Resh Земја Оган Воздух Вода
Liber Samekh Воздух Оган Вода Земја

Станува јасно дека недостасува петтиот елемент, односно Духот, поврзан со тајната врата од погоре. Насоките кои преостануваат се нагоре (висина) и надолу (длабочина), односно уште 2 точки за комплетирање на 6 точки во тродимензионален простор (тајната врата), а појдовната (7- ма) точка би бил Адонај како дел од Ну.

430263_10151413106587963_1947135103_n

4. Во врска со делот:

“Отвори ги патеките на Ку!
Осветли ги патеките на Ка!
Патеките на Кабс проаѓаат
Да ме вознемират или смират!”

Се потсетуваме на Розенкројцерскиот Благослов:

“Нека Умот ти биде отворен за Повисокото!
Нека Срцето ти биде центар на Светлина!
Нека Телото ти биде Храм на Ружиниот Крст!”

Ку како дел од концептот за делови од Душата според сфаќањето на древните Египјани е комбинација на Ка (Дух) и Ба (Душа). Ба е она што ја прави индивидуата уникатна (Его), а Ка (Сопство) е всушност “Светиот Ангел Чувар”. Идејата е дека индивидуата не е индивидуа сама по себе, туку “делче од ѕвезденото небо” – сеприсутноста на Ну. Кабс вообичаено се преведува како ‘Ѕвезда’ (Секој маж и секоја жена е Ѕвезда), при што не треба да заборавиме дека “Кабс е во Ку, а не Ку во Кабс”.

Оваа ‘Ѕвезда’ или ‘Највнатрешна Светлина’ е изворната, индивидуална, вечна суштина, која може да ја поистоветиме со Вистинската Волја. Ку е магиската одора која со посредство на Хадит (пламенот што гори во срцето на секој човек и јадрото на секоја ѕвезда) се ткае, односно манифестира околу индивидуата, како ‘облик’ за Битието Надвор од Облици, преку кој истото би можело да стекне искуство по пат на самосвесност. Ку е првиот превез, далеку посуптилен од умот или телото, и повистинит.

Животните искуства акумулирани во оваа инкарнација ги поместуваат само-наметнатите граници и ги отвораат патеките на Ку, осветлувајќи ги патеките на Ка за да можат патеките на Кабс потоа да вознемират или смират, така што станува логично дека “Аум! нека тоа ме убие!” го означува растворањето на Егото на индивидуата и всушност претставува призив на Светиот Ангел Чувар со цел за отелотворување на Богочовекот, односно остварување на Големото Дело.

Advertisements