Алистер Кроули – Документарец


Интересен документарец за Кроули (постар документарец), но добро осмислен и историски точен според мене. Можеби малку „надуван“ околу темите за магика и пракси, но… тоа е тоа.Говорниците во документарецот се поделени за „злото“ кое го правел Кроули, вие одлучете кој е повеќе во право: оние кои велат дека Кроули воопшто не бил наклонет кон „црна магика“ и зло или пак кон оние кои се на ставот дека Кроули е „најзлобното нешто што може да се појави на земјата“. Нормално, ќе заборавиме на Хитлер, Сталин и многу други кои се ништо во споредба со Кроули. 🙂

Темите за магика, ритуали, пракса – ќе оставиме на вас вие да одлучите дали се точни, дали е „надувана“ приказната за поголема гледаност или пак има „скриени“ вистини од животот на Кроули дадени во ова видео. Сепак некои работи мора да останат малку во сенка и достапни за оние кои навистина истражуваат и се запознаени барем со основите на теми како што се магика, јога, езотерија, алхемија, геомантија, телема, О.Т.О., иницијации…

Насловот на документарецот е Алистер Кроули – Уште едно Лок Нес чудовиште. Изгледајте го видеото ќе знаете зошто токму Лок Нес 🙂

Уживајте. И споделете размисли откако ќе го изгледате видеото.

Advertisements