Индивидуалноста на аспирантот и Редот


Многумина ме имаат прашано ако не ти се потребни догми, ако не ти се потребни туѓи искуства и вредности, зошто ти е потребно да припаѓаш на организација како што е О.Т.О?

Одговорот е:

Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.

Мојот став за тоа е дека потребата да се припаѓа на колектив има две насоки:

  • кога ги присвојуваш вредностите, ставовите и интересите на истиот како свои,
  • кога своите вредности, ставови и интереси ги препознаваш во одреден систем.

Обично мнозинството се пронаоѓа себе си во првиот случај. Индивидуата неможејќи сама да си го пронајде сопствениот идентитет, го присвојува оној на колективот. Во таа ситуација, вредностите на колективот поединецот ги доживува како сопствени, исто е и со успесите и поразите, па и со моралните стандарди.

Најекстремниот случај на асимилација на индентитетот е кога на поединецот за да функционира како човек му стануваатtumblr_maagryjvz41qi7kaao1_500 неопходни ограничувањата или забраните на општеството или религијата. Во таа ситуација неговите потсвесни нагони и потреби се манифестираат на сличен начин како и хомофобијата кај латентните хомосексуалци. Кога врзано куче ќе го ослободиш од синџирот после подолго време, тоа по дифолт почнува да трча иако никој не го приморал на тоа. Така и оној што смислата на своето постоење ја гледа само преку дозволи и забрани – оној што мора да биде тепан и врзан за да не излезе од контрола, во ситуација кога ќе му кажат прави што ти е Волја, тоа го гледа како заповед да ги прави токму оние нешта кои ги потиснувал и му биле забранети.

Телемитот е свесен дека неговата природа е уникатна, посебна и неменлива. 

Неговата аспирација да биде дел од Редот е групирање со кое орбитата на ѕвездата се доближува (ги препознава сличностите во принципите и ставовите) до орбитите на останатите ѕвезди. Секој друг мотив или цел е загадување на чистата вистинска Волја со страст за резултат.

Зарем не е запишано во „Книгата на Законот“:

За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.

Многу злонамерни луѓе ги занемаруваат овие принципи и даваат погрешни интерпретации за природата на мотивите, намерите и целите на иницијантите.

Таблоидите се посебно вредни во таа насока, барајќи жртва за ставање на тапет. Со единствена цел да се предизвика сензационалност на написот и да се добие што поголема читаност, се обидуваат Редовите како О.Т.О да ги претстават како “секта” со опасни и зли намери. Таквата деструктивна тенденција да се уништи и демонизира непознатото, многупати носела декаденција и страдање на цели општества.

Сепак колку и да звучи контрадикторно, сметам дека овие ситуации се неопходност во созревањето, бидејќи тие се предизвикот со кој растат и осознаваат иницијантите. Еден вид колективна рефлексија за поединечните индивидуални искушенија низ кои поминува иницијантот.

Универзумот не би опстоил без парадоксите.

Еден од тие парадокси е неопходноста од ситуациите кои ги перцепираме како штетни, бидејќи преку нив осознаваме. Тие се како контрастот на таблата кој и овозможува на белата креда да дојде до израз и да ја пренесе пораката. Таа неопходност е парадоксот кој како алхемиска реакција од штетноста прави корисност, а од проблемот предизвик.

На некој начин тоа и е одговорот зошто сме во Редот, да бидеме “железото” кое ќе се трансформира во благороден метал.

„Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“ – Liber AL vel Legis

Fra. Ignis

Advertisements