Телемитска литература на македонски јазик


Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон

Би сакал најпрво да им се заблагодарам на редовните читатели на овој блог, кои многупати ми помогнале да одлучам во кој правец да се движат темите за да може ревносниот читател да добие максимално вредни податоци во врска со телемата, магика или некоја пракса која се изучува во О.Т.О. како иницијантски таен Ред.

НО, ви препорачувам добронамерно, ако сакате да напредувате и еден ден ако ви е волја да бидете дел од нашиот Ред, ќе мора да се запознаете подобро со хиероглифите и јазикот на Мајсторот Терион, за да извлечете максимално од философијата на Телема и праксите дадени во нашите свети книги.

Денес тоа е лесно бидејќи голем број на телемитски книги напишани од Кроули, чии права ги задржува О.Т.О. се достапни на македонски јазик, така што и на македонскиот читател и истражувач многу му е олеснета работата при изучување на овој систем чиј закон гласи „Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон“ – „Љубов е законот, љубов под волја“.

Ако и вие сте еден од малкуте сериозни, кои ги истражуваат практичните патеки на Телемата, праксите дадени под водство на О.Т.О., ве советувам добронамерно овој блог да не ви биде единствениот извор за запознавање со Телемата! Овде ќе најдете мал број извадоци од нашите книги, индивидуални размисли за одредени теми, но тоа не треба да биде за никој апсолутна вистина во  врска со Телемата или некоја пракса или философско прашање.

Прочитајте ги македонските изданија на телемистките книги кои ги имаме издадено, со максимален критички ум и надминете. Подобро да имате погрешно ваше разбирање, отколку да се потпирате на верување дека моето размислување е точно и вистинито. Само така ќе може да ме поправите и мене на овие страници, кои можеби и содржат некоја грешка и заедно да можеме да напредуваме во Знаењето и Искуството низ овие лавиринти.

Ви благодарам 🙂

Сликата е линк кој ќе ве одведе на страница каде што може да ги набавите овие книги преку интернет!

Телемитски изданија на македонски јазик

Љубов е законот, љубов под волја

Advertisements