Суфизам, Телема

За Истрајноста, Иницијацијата и Искушението – суфиска сказна


Ова е сказната за Ебу Јакуб Јусуф ибн ел-Хусејн Арази и неговата потрага по Највисокото и Највнатрешното!
Ова се Трите И (Истрајност, Иницијација, Искушение)  кои ги водат аџиите по Патеката кон Неизговорливото!

*      *      *

Дознавајќи дека Зунун ел Мисри го знае Најголемото Име Божје, се исполнил со желба да оди во Египет. Стигнувајќи во џамијата на Зенун ја изговорил поздравната молитва и седнал. Зунун му го возвратил поздравот. Во текот на цела година Јусуф седел во некој ќош настрана во џамијата, не осмелувајќи се да го праша Зунун. На крајот на таа прва година, Зунун прашал: „Од каде доаѓаш млад човеку?“ „Од Рага“, одговорил овој.

Во текот на втората година, Зунун не рекол ништо, а Јусуф и понатаму седел во истиот ќош. На крајот на втората година, Зунун го прашал: „Поради која причина си дојден, младичу?“ „За да те посетам“, одговорил Јусуф.

Другата година Зунун ништо не кажал. Потоа прашал: „Сакаш ли нешто?“ „Дојдов за да ми го кажеш Најголемото Божјо Име“, одговорил Јусуф.

Зунун молчел уште една година. Потоа му подал на Јусуф прикриен дрвен сад. „Премини го НИЛ. На едно одредено место ќе сретнеш старец. Дај му го садов и запамети се што ќе ти рече“.

Јусуф го зел садот и тргнал на пат. По пат, го нападнало искушение. „Што е тоа што мрда внатре во садов?“. И тој го дигнал капакот. Изрипал некој глушец и побегнал. Јусуф почнал да се јадосува. „Каде да фатам сега? Кај старецот или да се вратам кај Зунун?“

Најпосле, отишол кај старецот, носејќи му празен сад. Старецот кога го видел се насмеал. „Си го прашал кое е Големото Име Господово?“  „Да“ „Зунун ја видел твојата нестрпеливост и ти дал глушец, рекол старецот. Слава на Бога! Ако не умееш да се грижиш ни за еден глушец, како тогаш ќе го чуваш Големото Име?“

Полн со срам, Јусуф се вратил во џамијата на Зунун. „Вчера седум пати му се молев на Бога да ми дозволи да те научам кое е Неговото Име. Бог не ми го дозволи тоа, што значи сеуште не ти е дојдено времето. Потоа Бог ми заповеда: „Стави го на проба со еден глушец.“. Кога го сторив тоа, еве што се случи. Врати се засега во твојот град, дури не дојде времето.“

 – Атар

*      *      *

Во нашите свети книги е запишано:

„Ова Знаење не е за сите луѓе; малкумина се повикани, а од овие малкумина многу се одбрани.“ – Liber Porta Lucis

Исто така, во „Книгата на Законот“ се вели:

„ Нека бидат моите служители малубројни и тајни; тие ќе владеат со мнозинството и знајните.“ – Liber AL vel Legis

Во „Приказ на A.’.A.’. или Liber XXXIII“ стои ова:

Иако не сите луѓе се повикани, многу од повиканите се избрани, и тоа веднаш штом ќе станат погодни за влез. 
Секој човек може да бара влез, и секој човек кој е внатре може да подучи друг да го бара; но само оној кој е погоден ќе стигне внатре. 

Погледнете длабоко во себе пред да одлучите за пристапување во нашиот Свет Ред познат под името Ordo Templi Orientis или O.T.O. ! Погледнете длабоко во најтемните ќошиња на вашето битие и пронајдете го одговорот на вечното прашање: ДАЛИ СУМ СПРЕМЕН ЗА ОВОЈ ПАТ кој ми го бара моето битие? Дали можам да ги издржам сопствените дадени зборови како завет? Дали сум доволно силен да истраам до крајот? Ако вие не можете да си дадете одговор на овие највнатрешно прашања, не очекувајте од нас ние да знаеме, како аутсајдери.

Секој човек кој што од било кои причини (негови лични) е привлечен кон нашиот Ред, секој што стапнува на патеката на иницијацијата, треба да му биде кристално јасно едно нешто – не можете да ги избегнете искушенијата на Иницијацијата, Животот и Смртта.
„Иницијација“ и „Иницијант“ не се празни зборови, како што и дадениот збор како завет не е залудно кажан збор! Секој е Крал, а кралскиот збор, дури и воздишка, не е залудно кажан!
Она што ќе го научите или ќе ви се довери како тајна, дури и да е тоа еден дрвен сад кој што на прв поглед не изгледа како голема тајна, вие мора да го надминете искушението да проговорите за довереното на оние што не треба да го знаат истото!

Зарем не е запишано:

Малку по малку, додека очите ви зајакнуваат, ќе ви ја откриеме неискажливата слава на Патот на Посветениците и нејзината безимена цел.  – Liber Porta Lucis

А и како ќе бидете вие над народите, како ќе се надмините себе си, ако како прво – не можете да си го одржите сопствениот даден збор пред себе? Како ќе се победите себе си ако не можете да ги издржите ниту првите искушенија на љубопитноста, нестрпливоста, егоизмот што ви е доверено нешто што другите не го знаат?

Затоа, бидете храбри и издржливи и надминувајте. Магиката бара храброст и знаење. Јогата бара смиреност и издржливост. Само така ќе ги изодите четирите патеки кои се една! Само така ќе дојдете до Највисокото и Најпосакуваното!

*      *      *

И ќе завршам со еден прекрасен стих, мои мили Браќа и Сестри, и вие драги пријатели и идни иницијанти, кој што го крева човекот на своето вистинско место во Новиот Еон:

To man I come, the number of
  A man my number, Lion of Light;
I am The Beast whose Law is Love.
  Love under will, his royal right—
Behold within, and not above,
  One star in sight! – One Star on Sight

Advertisements