Телема

Ordo Templi Orientis – Нов еон, Нов иницијаторски систем


971582_10151582609512963_642932289_n

Во прилог Ви го преставувам есејот на Братот С. по повод неговото полнење 10 години како Иницијант во нашиот Свет Ред, Ordo Templi Orientis.

Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.

На 4 август 2003 година e.v. го зедов степенот Минервал. Денес славам десет годишен јубилеј. Секогаш ќе го сметам Frater Sagitta LVX како мој ментор во Ordo Templi Orientis.

Основниот курикулум на O.T.O. е забрзаниот живот на поединецот. Оваа индивидуација е поддржана од страна на иницијаторен процес според формативниот метод на Тетраграматон, или формулата за четирите моќи на Сфингата. Во првата, или тријада Човек на Земјата, Иницијантот влегува наизменично преку четирите Порти на Елементарното Кралство. Резултат од последователното отворање на седумте Чакри е потполно активирање на првиот дел од Нефеш (се смета дека има двојна природа), кој е нешто слично на прана, виталниот, електричен принцип на животна сила кој го оживува физичкото тело, проникнувајќи ја психата со двата моќни копнежи на либидо и мортидо. Како таков, тој е тесно поврзан со Ид од Фројдовата теорија, Ерос и Танатос. Овој Пат во Вечноста е секогаш драматичен. Тоа е почеток од патот на социјален научен илуминизам и правење на космичката Мандала, што подоцна доведува до рамнотежа на Ружиниот Крст, и најпосле до тајната на Евхаристијата.

О.Т.О. е дизајниран да ја воспостави природната и социјалната манифестација на Телема, да обезбеди свет погоден за Аспирантите. O.T.O. се занимава со она што е времено и со надворешна иницијација во природниот свет. А.’.А.’. се грижи за она што е вечно и за внатрешна иницијација во духовниот свет, или Патот на Големото Враќање. И двата Реда се одговорни за еволуцијата на човечкиот род, едниот преку односот на поединецот со опкружувањето, а другиот преку односот на поединецот со душата. Двата Реда промулгираат еволуција низ Новиот Еон и неговиот Закон на Телема. Рамноденица Том III, Број 1 (Сина Рамноденица), од уредникот:
“Оваа вистина е двојна: прва, во врска со Природата надвор од човекот; втора, во врска со Природата внатре во човекот.”
Лекциите и информациите дадени во секој степен на O.T.O. го учат поединецот како најдобро да комуницира со своите околности и опкружувањето, истовремено водејќи кон разбирање на една одредена тајна.

Овој нов Еон е сè уште млад и О.Т.О. е далеку од тоа да биде целосно развиен, тој ќе го постигне својот полн потенцијал долго откако нашите сегашни инкарнации ќе бидат завршени. Она што е најважно за сите сегашни и идни членови е дека Системот дејствува, ако дејствувате со него.
Да го цитирам Лон Мило Дукет од предговорот на “Гримоарот на Алистер Кроули” на Родни Орфеус: “Како што би очекувале, Кроули не го направи искушението на О.Т.О. да биде лесно. Всушност, познавам многу надежни магичари кои поправо заринкаа на песочните брегови поради социјалните предизвици на Редот, отколку од било која друга причина.”
Во меѓувреме ве упатувам назад кон вашите Иницијатори за поблиско проучување на секој степен и лекциите дадени во него – видете како најдобро да ги примените во своите околности и опкружување. Обратете посебно внимание на посланието за Должноста и Либрите LXXVII, LII, CXCIV, CI, CLXI, како и целата Рамноденица Том III Бр.10. Присуствувајте и учествувајте во Гностичката Миса онолку често колку што е можно, во неа се содржат сите тајни на О.Т.О..

“На светот му треба религија. Религијата мора да ја претставува Вистината и да ја прославува. Оваа вистина е двојна: прва, во врска со Природата надвор од човекот; втора, во врска со Природата внатре во човекот. Постоечките религии, особено христијанството, се базираат на примитивно непознавање на фактите, особено за надворешната Природа.

Прославите мора да одговараат на обичаите и природата на луѓето. Христијанството ги уништи радосните свечености, карактеризирани со музика, танцување, гозби и водење љубов, задржувајќи ја само меланхолијата.

Законот на Телема нуди религија која ги исполнува сите неопходни услови. Философијата и метафизиката на Телема се разумни, и нудат решение за најдлабоките проблеми на човештвото. Науката на Телема е ортодоксна и нема лажни теории за природата, нема лажни приказни за потеклото на нештата. Психологијата и етиката на Телема се совршени. Таа ја уништува одвратната заблуда за прародителскиот грев, со што секој станува единствен, независен, врховен и доволен.”

Животот и Слободата се загрозени насекаде. Ни треба Слоган и Банер за битка. Ни треба Принцип за реконструкција. Затоа: Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон. Ако сакате Слобода, мора да се борите. Ако сакате да се борите, мора да се организирате. Ако сакате да се организирате, контактирајте го Ordo Templi Orientis.

Поздрав до Минервалите, нашата Пешадија!
Поздрав до Првите Степени, нашите Морнарица!
Поздрав до Вторите Степени, нашата Авијација!
Поздрав до Третите Степени, нашата Оклопна Артилерија!
Поздрав до нашите поручници, Четвртите Степени и П.И.!

Љубов е законот, љубов под волја.

Фото кредит: Глен В. Шефер (1881-1948), Eден Век Напредок, Светски Саем 1933 година во Чикаго.

Advertisements