Тест за Езотерија (прашања кои ме потикнаа да научам повеќе)


Во овие редови подолу ќе наидете на тест, чии прашања опфаќаат широк спектар на теоретски знаења од повеќе области кои ги знаеме под едно име: езотерија.

Тестот е за оние кои ги интересираат науките како што се кабала, церемонијална магика, јога, астрологија, тарот итн и пред се : ПРАКСА. Со овој тест ќе дознаете за себе колку теоретско знаење имате од овие области кои ве интересираат и кои ги изучувате или би требало да ги изучувате, ако ви е волја тоа. Можеби ќе потикне да проучувате поревносно за да во иднина имате солидна и квалитетна пракса од дадените науки.

Иако О.Т.О. како Ред ги изучува и практикува овие науки како што пишува и во Манифестот на О.Т.О.

The aims of the O.T.O. can only be understood fully by its highest initiates; but it may be said openly that it teaches Hermetic Science or Occult Knowledge, the Pure and Holy Magick of Light, the Secrets of Mystic attainment, Yoga of all forms, Gnana Yoga, Raja Yoga, Bhakta Yoga and Hatha Yoga, and all other branches of the secret Wisdom of the Ancients.
In its bosom repose the Great Mysteries; its brain has resolved all the problems of philosophy and of life.
It possesses the secret of the Stone of the Wise, of the Elixir of Immortality, and of the Universal Medicine.
Moreover, it possesses a Secret capable of realizing the world-old dream of the Brotherhood of Man.

, тестот што ќе го пронајдете подолу не докажува или покажува дали некој е Телемит или не, ниту пак покажува дека О.Т.О. како Ред нуди школско изучување на овие свети мистерии.
Сакате да бидете Телемит: прифатете ја „Книгата на Законот“ без да менувате и една црта од нејзиниот Закон и правете што Ви е волја!
Во О.Т.О. , патот на иницијацијата и напредувањето низ степените не е праволиниско движење како школа, ниту пак некој ве тестира за вашето знаење, до одреден степен! Редот е како Животот!

О.Т.О. како Ред, нуди соединување на Ѕвезди во прекрасни соѕвездија според нивната индивидуална волја, во соодветен момент и за соодветна работа! Редот е двигател на Волјата! Ги соединува оние на кои им треба соединување за извршување на нивните чисти Волји!

Изучувањето и практикувањето на езотериските науки е индивидуална работа, другите може само да помогнат, како што е и запишано:

Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.

За да биде појасно во врска со тестот: ова е мој личнo составен тест од прашања, чии одговори кои што некогаш и јас не ги знаев, ме потикнаа само да научам повеќе и да совладам повеќе. Тестот си го поставив јас пред многу години за да ме натера да научам тоа што не го знам, теориски, да се запознаам со хиероглифите на разните системи, за да ги соединам во една точка од која ќе црпам доволно за мојата практична работа.

Од друга страна пак,  О.Т.О. како Ред мене лично ми даде само внатрешна сила да се надминам себе си по патеката која сам одлучив да ја одам тука, на Земјата! Ми даде можност од патеки и Ѕвезди кои совршено се вклопија во сликата на мојот живот!

Тестот подолу сметам дека е доволно сериозен и доволно лесен за сериозни луѓе кои ги интересира езотеријата не само како философија (теорија), ами и практично (пр. церемонијална магика). Другите секако ќе најдат многу забелешки или погрешно ќе го интерпретираат овој текст (заради нив и постои ова објаснување, ако мене ме прашувате) и ќе си поставуваат прашања во однос на текстот и нема ни да се потрудат да побараат одговори на работите што не ги знаат.

Одговорите на овие прашања се чисти интелекуални познавања на езотеријата, достапни за секој и немаат врска со тајните учења на О.Т.О., одговори кои можете да ги најдете лесно по многу книги кои обработуваат некоја наука од езотеријата, теорија која би требало да ви помогне во практичниот дел од овие науки.

Повеќето одговори можете да ги најдете во Liber 777 (достапна на македонски јазик), Liber 4, Осум лекции за јога(достапна на македонски јазик), списанието Еквинокс, по книгите на добро познатите  автори како Регарие, Дион Форчн, Франц Бардон, Вивекананда итн, кои не само што ќе ви дадат теорија, ами сигурно ќе ве потикнат практично да ги испробате вашите знаења.

Секако, како вие би конструирале Вие ритуал за инвокација на Сонце(како една од светите планети), со која цел како прво, кои симболи се поврзани со Сонце, кои магиски формули, сили, бои итн. се врзани со оваа ваша работа која имате волја да ја извршите? Затоа е тестот, за да видите до каде сте со познавањето на симболите и нивните атрибуции.

Затоа е потребно познавање на теоријата на овие науки (не се е дадено јавно, но добриот истражувач и проучувач на мистериите, во игра со неговата интелегенција – секако ќе дојде на патот на Иницијацијата и ќе научи).

Да се потсетиме дека една од книгите на Кроули, една од најдобрите и најцелосните книги кои го обработуваат овој проблем (езотеријата) се вика „Магика во Теорија и Пракса”!

И пред да преминете на тестот, да додадам дека знаењето на одговорите на овие прашања тука, не ве прави ништо посебно – не ве прави Телемит, ниту пак иницијант во однос на другите, кои не се интересираат за овие работи. Ова се само гребнатинки од вистинската примена на езотеријата. Да, примена, пракса. Нема да бидете ништо посебно со вашето интелектуално знаење, ако тоа не можете или не сакате да го применете во пракса. Знаењето дека Тифарет во превод значи Убавина и е врзан со планетата Сонце, не ве прави ништо посебно, ниту мене – ниту вас.

Но, да не должиме многу, повелете прашањата и слободно барајте по нет за да ги најдете одговорите!

Тест за езотерија (теориски дел)

  1. Која е разликата помеѓу Змијата на Дрвото на Животот и Пламениот меч?
  2. Напишете ги сите сефироти на еврејски
  3. Напишете ги сите патеки на Дрвото на Животот на еврејски
  4. Напишете ги 4-те делови на душата на еврејски
  5. Напишете ги 4-те светови на еврејски
  6. Напишете ги божествените имиња на еврејски кои се среќаваат во Малиот Истерувачки Ритуал на Пентаграм
  7. Напишете ги 12-те зодијачки знаци и нивните планети владетели
  8. Под 6 напишете го ова на еврејски
  9. Напишете ја Интелегенцијата на Јупитер на еврејски со бројна вредност
  10. Напишете на кои патеки од дрвото на животот одговараат четирите страни на светот
  11. Кој е редоследот за инвокација на одредена планета?
  12. Кои се божествените имиња кои се користат во средниот столб (на еврејски)
  13. Напишете ги сефиротите и соодветните планети
  14. Објаснете ги разликите помеѓу активниот и пасивниот пентаграм на духот во Гoлемиот ритуал на Пентаграм
  15. Напишете ги архангелите на 7-те свети планети
  16. Најдете ги врските помеѓу планетите и римските божества
  17. Како се цртаат сигили?
  18. Како се врзани малите карти од таротот со четирите светови во кабалата?
  19. Како се врзани дворските карти и зодијачките знаци?
  20. Кои се четирите татви и како се врзани со западната мисла?
  21. Што значи инвокација, а што евокација?
  22. Кои тарот карти се врзани со седумте свети планети?
  23. Напишете кои мириси се врзани за четирите елементи.
  24. Кои се осумте богови кои се споменуваат во египетските мистерии за создавањето?

И ќе завршиме со 24 бидејќи е убав број!

Advertisements