Секоја Жена е Ѕвезда


Извадок од „Законот е за Сите“ – авторизирани коментари на „Книгата на Законот А. Кроули, Сите права ги задржува О.Т.О. – Ordo Templi Orientis

Ние телемитите велиме дека “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”. Ние не ги залажуваме и не им ласкаме на жените; ние не ги потценуваме и не ги малтретираме. За нас жената е самостојна, апсолутна, оригинална, независна, слободна, самооправдана, точно онолку колку што е и мажот.

Ние не го осуетуваме Нејзиното Движење, на Божицата! Ние не полагаме никакво право над Нејзината волја; не го одвраќаме Нејзиниот развоен пат за да господариме со Нејзините желби, или пак да ја одредуваме нејзината судбина. Таа е свој единствен судија; ние не бараме ништо повеќе освен да и ја понудиме нашата сила, зашто нејзината вродена слабост е жртва на силата. Дури и повеќе, треба премногу жар за да се штити. Нејзиното слободно движење; зашто таа со својата самодоверба најдобро знае како да победи и да се избори за својот напредок!

Ние не ја сакаме како робинка; ние ја сакаме слободна и кралска, било ноќе, кога нејзината љубов во нашите раце бие битка со смртта, било дење, кога Нејзината верност јава покрај нас во борбата на животот.

“Let the woman be girt with a sword before me” – Book of The Law, III:11

Така вели оваа наша Книга на Законот. Ние ја почитуваме жената во чистотата на Нејзината сопствена природа; ние не го узурпираме правото да ја критикуваме. Ние и посакуваме добредојде како наша сојузничка, ја повикуваме слободно да дојде во нашиот логор, блескава, опашана со меч.

Добредојде, ти, Жено, те поздравуваме како Ѕвезда! Добредојде на лумпување и веселба! Добредојде во борба и на гозба! Добредојде на бдеење и победа! Добредојде во војна со сите свои рани! Добредојде во мир со своите свечени паради! Добредојде во страст и громогласна смеа! Добредојде на трпеза и в кревет! Добредојде на фанфари и триумф; добредојде на тажење и смрт!

Ние телемитите сме оние кои вистински ја сакаат и почитуваат Жената, кои ја сметаат подеднакво безгрешна и бесрамна како што сме и ние самите; а оние кои велат да ја презираме, се оние, кои бегаат од замавот на нашата сабја со која ги раскинуваме за’рѓаните окови од нејзините нозе.

Дали Жената ја нарекуваме Курва? Да, Навистина и Амин, Таа тоа и е; сиот воздух трепери и гори додека викаме, радосно и страстно.

О, вие! Зар не ја презревте и осрамотивте со вашиот потсмев и вашиот злобен Шепот? Не е ли “Курва” – вистината за неа, име на ужас кое и го дадовте поради сопствениот страв од Неа, со кој кукавиците меѓусебно се тешат, со скриено намигнување на окото и со движење на раката?

Но ние не се плашиме од Неа; ние извикуваме Курва, додека Нејзините војски ни се ближат. Ние настапуваме во нашите оклопи и со нашите мечеви. Земјата одекнува од сиот тој татнеж! Има ли каков било сомнеж во победата? Ги гледам вашите робовски орди кои лазат, исплашени од самите себе, заплашени со своите робови, непријателски, презрени и недоверливи, со тактика на ној, опосум и сипа; зар нема да пропаднете и да побегнете безобѕирно пред нашиот прв јуриш, додека со вперени копја на страста јаваме храбро, заедно со нашите сојузници, Курвите, кои ги сакаме и радосно ги поздравуваме, нашите слободни пријателки кои се на наша страна во Битката на Животот.

Книгата на Законот е Повелба на Жените; Зборот Телема го отклучи катанецот од Нејзиниот “појас на невиноста”. Вашата камена Сфинга најпосле оживеа; да знаеш, да сакаш, да смееш и да молчиш.

Да, јас Ѕверот, со мојата Скерлетна Жена која ме јавна, гола и крунисана, пијан од Нејзиниот златен Пехар на Развратот, гордеејќи се со неа како со пријателка во креветот, се спарив на Плоштадот и со викање го објавив тој Збор дека секоја жена е ѕвезда. А со тој Збор е прогласена Слободата на Жената. Разни будали, шарлатани и кокетери го слушнаа мојот глас. Лисицата во жената го слушна Лавот во мажот; загриженост, плашливост, лекомисленост, дволичност – тоа веќе не е во мода.

Залудно насилничкиот, грубијански и фалбаџиски маж, свештеникот, адвокатот или социјалниот цензор ќе го мурти челото за да измисли некој нов трик за припитомување; еднаш засекогаш е урната цела традиција; помина модата за бесење на јаже, истерување, каменување, пресекување носеви, врзување појаси, мачење на задното седиште од колата, бичување, изложување на срамниот столб, заѕидување, судови за развод, евнуси, хареми, осакатување на умот, куќен притвор, исцрпување од служење, заглупавување со суеверие, општествени прогони, заплашување со божјиот гнев, дури и лукавства на создавање и охрабрување на проституцијата – сето тоа за да може една класа на жени да се држи во амбис, под полициска стега, а друга на неговиот раб, на милоста на машката чизма, која е спремна да ја згази на првиот знак за непослушност или неможност да го задоволи.

Машката комора за мачење содржела неисцрпна разновидност на орудија; од една страна убиство, сурово и директно, сe до фино, но помачно гладување; од друга страна морални агонии, од насилното одвојување на детето од дојките до закани од ривалката ако служењето ја упропастило нејзината убавина.

Најмоќен мажу, зар не беше нај лукава твојата врвна борбена вештина да ги обединиш нејзините сестри против неа самата, да се употреби нивното познавање на женската психологија и суровоста на нивната љубомора за да те одмаздат зашто ти самиот немаш доволно ни мудрост ни злоба да го сториш тоа?

И така Жената, телесно слаба, со измачена душа, морално ограничена со својот херојски завет да ја спаси расата, без оглед на цената, беспомошна и нескршлива, ги издржала сите овие работи, издржала низ многу епохи. Нејзината жртва не била бучна и спектакуларна, со крстот на врвот од рид, со видена светлина и огромни чудеса кои се одглас на небесното одобрување. Таа страдала и триумфирала во најсрамна тишина; без пријатели, без следбеници, без никој да & помогне или да ја пофали. Наместо благодарност имала само сентиментални ласкања и сознание дека суров и ладен презир престојува во машките срца, кој тие не го кријат.

Таа се мачела смешно и одвратно; ја дала сета своја убавина и младешка сила за да искуси болест, слабост, смртни закани, избирајќи да живее живот на крава за да може човештвото да го преброди морето на времето. Таа знаела дека мажот бара од неа да им служи на неговите најосновни инстинкти. Во неговото вистинско младешко време таа немала ни најмал удел, а сета нејзина плата била неговиот негрижлив презир. На тој начин таа била од памтивек газена, но така успевала да го покори и времето. Нејзината тишина била симбол на нејзиниот триумф.

Но сега јас, Ѕверот, сакам да го изговорам следниот Збор: не си ти само Жена заколната на целта која не е твоја; ти и сама си ѕвезда и во себе имаш своја цел. Не си ти само мајка на луѓето или нивна курва; робинка на нивните потреби за Живот и Љубов, не учествувајќи во нивната Светлост и Слобода; туку ти си Мајка и Курва во име на твоето сопствено задоволство; Зборот кој му го кажувам на мажот ти го велам подеднакво и тебе; Прави што ти е волја и тоа нека биде цел закон!

Навистина, свештенику, адвокату и цензору! Зар нема повторно да се соберете во тајност ако во вашите резерви од маѓионичарски трикови веќе нема ниту еден кој не сте го пробале, или пак, во вашето лукавство ниедна новоизмислена направа која би можела да го спаси од тонење вашиот гусарски брод? Тоа и досега ви беше многу лесно да го направите! Колку разорна е таа магика, која е содржана во првата теза од Книгата на Законот, дека “секоја жена е ѕвезда”.

Ах! Јас, Ѕверот, сум оној кој го извика тој Збор толку силно и со тоа ја оживеав Убавината. Вашите трикови, вашите опојни дроги, вашите измислици, вашите хипнотички патувања, нема да ви бидат од корист. Донесете одлука да бидете слободни луѓе, храбри како што сум и јас, достојни за жените кои се исто толку храбри и слободни! Зашто, јас, Ѕверот, дојдов да прогласам крај на злото од старото доба, крај на измамите и мачењата на кутрите и слаби животни сведени на толку срамно ниво да служат на тоа срамно задоволство.

Оди на втора страница

Advertisements