За ВОЛЈАТА и ЉУБОВТА


Fra. SiLVeSTeR

Неодамна, серија надворешни настани, поточно такви поврзани со работа, ми предизвикаа несвесна (и отпрвин несакана) интернализација на дисциплината. Мотивацијата беше страв, во конкретниов случај страв од губење на работното место, страв од потенцијалните финансиски последици итн.. Јас и моите колеги клоцавме и врескавме, а имаше и многу “крцкање со заби”, но наскоро, како и сите непослушни деца откако ќе бидат казнети, ги научивме своите лекции, секој за себе и веднаш се вративме во форма.

Точно ова е метод на Стариот Еон, каде Пеколот и проклетството служеле како моќни мотиви за духовна борба и напредок, под будното око на една одмаздољубива татковска фигура, која секогаш била подготвена да казнува. На прв поглед, во Новиот Еон е многу потешко, бидејќи природата на Законот е Љубов, односно аспирација, и “единствената” видлива закана за вечната Душа е едноставно да остане онаму каде што е, во удобните граници на објективната реалност.

Ние сме како деца оставени без надзор, сами да си играат во кутии со песок, при што од нас не се бара ништо конкретно, или барем така ни се чини. Веќе не го доживуваме она чувство на неизбежност како нашите предци, па затоа бргу се откажуваме од сите обиди за постојан напор кон одредена цел, речиси како да не можеме да се фокусираме. Ова е само делумно објаснување, бидејќи т.н. објективна реалност е токму истиот тој Пекол од кој нашите предци биле толку нестрпливи да побегнат.

Ние сме веќе во царството на Школките и сè што имаме на располагање за спас се нашата Волја (психолошки, мотивација) и Љубов (психолошки, аспирација), како помош да се искупиме и да се стекнеме со Знаење и Разговор на Светиот Ангел Чувар. Па така, ја тренираме Волјата, ја распламтуваме Љубовта, сè додека да станат совршени, додека ние да станеме совршени, сè додека да стекнеме навика во користењето на овие алатки, до толку што тие да станат наш составен дел, продолжетоци на нашето битие, речиси како протези.

Дури тогаш може да ги искористиме за остварување на Големото Дело. Но Љубовта е под Волја, а тоа има толку многу смисла, бидејќи ретко може да се успее само преку чиста аспирација, барем не со овој метод.

Ние сме во бизнисот за обука на Волјата. Ние сме во бизнисот за распламтување на167434_575921459090789_424218584_n Љубовта. Како што видовме погоре, може да се обопшти дека секое искуство од објективната реалност може да биде обликувано да служи за одредена цел, за обука на Волјата и распламтување на Љубовта. Во овој метод, самозадоволство и рационализација се нашите најголеми непријатели.

Од друга страна, колку е поголем отпорот – толку е поголема борбата на Егото за олабавување на стегите, а тоа е знак за напредок. Не е важно дали го сакаме или мразиме процесот на кој се подложуваме, единствено е важен интензитетот на овие емоции. Ако успееме да извлечеме доволно силна емоционална реакција, долж целиот фронт на Битието, може да очекуваме целосна интернализација и интеграција на лекцијата, во спротивно тоа е само безначаен настан од секојдневниот живот, кој неизбежно ќе исчезне од спомен, освен ако не е запишан во Дневник.

Ладната незаинтересираност, според тоа, укажува дека нешто дефинитивно тргнало наопаку, но внимавајте – тоа не е исто што и “духовна сувост” за која зборуваат мистиците. Исто така, секое искуство од објективната реалност може да биде обликувано, да послужи за одредена цел при обуката на Љубовта. Ако страста и екстазата се напуштат и заменат со интелектуализација и психологизација, Љубовта ќе свене и набргу потоа ќе се исуши.

Секој со просечна интелигенција може да ги сфати и научи таблиците од Liber 777 и впрочем сите останати теоретски аспекти на Магика. Но, потребен е поинаков сет на доблести за да се докаже цврстина на Волјата и жестина на Љубовта. И токму тие доблести се оние кои значат нешто, воопшто.

Advertisements