За Магискиот Круг ( Clavicula Rex Sаlomonis)


Ако сакате да научите повеќе за Магиката на Кралот Соломон (многу повеќе од овој мал есеј), Ве повикувам на:

Предавање
на
Лон Мило Дукет
на тема
„Гоеција, Соломонова Магика и Инвокацијата на Зли Демони“
09.06.2014 во 19 часот во салата на Даре Џамбаз.

Линк до настанот

*      *      *

Многумина кои се заинтересирале за езотеријата (магика, кабала, јога, астрологија, ритуали) на овој или оној начин биле во контакт со познатиот магиски круг даден во „Клучот на Соломон“. Многумина биле фасцинирани од конструкцијата на истиот, од неговата комплексност и едноставна престава на универзумот на еден Магичар.

Но прво, да разјасниме: Што е тоа магиски круг? Зошто е потребен?

Во „Магика, Книга 4“ се вели на самиот почеток:

The Magician works in a Temple; the Universe, which is (be it remembered!) conterminous with himself. In this temple a Circle is drawn upon the floor for the limitation of his working. This circle is protected by divine names, the influences on which he relies to keep out hostile thoughts. Within the circle stands an Altar, the solid basis on which he works, the foundation of all.“

Магискиот круг, со своите божествени имиња кои го „ограничуваат“ Магичарот и го водат по вистинската патека, ја одразува Природата на Големото Дело што ќе се изведува во тој магиски круг!

Зошто мора да е круг? Во „Магика, Книга 4“ читаме:

He chooses a circle rather than any other lineal figure for many reasons; e.g.,

  • He affirms thereby his identity with the infinite.
  • He affirms the equal balance of his working; since all points on the circumference are equidistant from the centre.
  • He affirms the limitation implied by his devotion to the Great Work. He no longer wanders about aimlessly in the world.

Целата конструкција на магискиот круг зависи од големината на Олтарот! Секој магичар знае дека природата работи преку пропорции! Нескладни пропорции ќе го искриват и уништат Големото Дело на самиот магичар.

Сега би сакал да го опишеме магискиот круг даден во „Соломоновиот Клуч“. На многумина им е  познат визуелно, но малкумина сум сретнал да знаат што и како е запишано во него.

Магискиот Круг од „Соломоновиот Клуч“

Ова е магискиот круг од „Клучот на Крал Солмонон“ во боја !!!

Како што се гледа во средината на кругот е Олтарот, пред кои стои Магичарот. Се е во пропорција со самиот Магичар!

Кругот е изграден од Змија во која се испишани божествени имиња на еврејски. Многумина се запрашале зошто Змија? Што ли пишува во нејзе?

Денес кај профаните е прифатено Змијата како симбол да има лоша репутација, да асоцира на „големиот пад на Човекот“ според старо-еонските философии и религии.

Но, да ве потсетиме дека на Дрвото на Животот постојат две патеки:

  • Едната ги следи сефиротите одозгора надолу и е позната како Пламениот меч
  • Другата ги следи патеките на Дрвото на Животот одоздола нагоре (од најматеријалното кон најсуптилното), кон Круната или Кетер .

Токму втората патека е Змијата на Мудроста (Хокма) која што се јази по Дрвото на Животот. Таа е искористена во конструкцијата на овој магиски кург.

*      *      *

Кои се зборовите запишани по грбот на Змијата?

Ќе ве потсетиме дека Змијата започнува од Малкут (Кралството), преку сите патеки (22 еврејски букви) доаѓа до Кетер (Круната)! Но, Змијата се протега не само на една рамнина, ами минува низ сите четири кабалистички светови за кои се зборува на многу места за нив.

За да ги одгатниме зборовите запишани по Змијата ќе мора да ги научиме четирите светови и како работи магиката при „разгорување на божествениот оган во магичарот“!

Ако ја разгледате Змијата на сликата, ќе забележите дека неколку зборови се запишани во еден вид реченица, кои се раздвоени едни од други со рамнокраки крстови! На крајот на секој крст (секоја „реченица“ се чита од десно на лево) стои астролошки знак кој коренспондира со ништо друго ами со соодветниот сефирот од Дрвото на Животот.

Од претходните есеи кои се запишани тука знаеме дека четирите светови (почнувајќи од најсуптилниот, највисокиот, највнатрешниот ако ви е волја) се: ацилут – свет на еманации, бриа – свет на создавањето , јецира – свет на форми и ашиа – материјален свет.

Змијата започнува од Ашија и оди кон Ацилут! За да се надмине Ашија, мора да се знаат правилата и законите на погорниот свет, Јецира. За да се надмине Јецира за да се владее и со материјалниот свет, мора да се знаат правилата и законите на Бриа итн.

Во „Препород на магиката“ од А. Кроули е даден следниот метод:
„Целта е да се заповедаат духовите. Добро, тогаш да претпоставиме дека почнуваме на еден глуп, себичен и алчен начин т.е. се обидуваме да ги натераме духовите да ни донесат злато. Го призиваме Хисмаел, Духот на Јупитер. Ништо не се случува. Дознаваме дека со Хисмаел командува неговата соодветна интелегенција Јофиел. Затоа го повикуваме Јофиел, кој се покорува единствено на наредбите од Сахиел. Иста е приказната со Сахиел. Одиме до архангелот Цадкиел. Пак нема фајде, зашто Цадкиел, не му се покорува никому, освен на Ел. Добро, го повикуваме Ел, Господ. Тогаш мораме да станеме Ел, и откако сме го направиле тоа, откако сме влегле во таа огромна божествена суштина, неможеме повеќе да се грижиме дали имаме пари или не. Сето тоа сме го оставиле зад себе. Така гледаме дека за изведување на некое чудо мора да имаме божествена причина.“

Затоа најдобро е да се стигне до Ацилут, да се разбере истиот и потоа да се симне кон Ашија самиот магичар!

Зборовите дадени помеѓу крстовите во самата Змија (читајќи од десно на лево) се всушност поделени на неколку групи и тоа:

  • Божествени имиња кои одговараат на Ашија за соодветниот Сефирот на Дрвото на Животот!
  • Името на соодветниот Сефирот на еврејски
  • Името на арханѓелот во Ашија
  • Името на анѓелот во Ашија
  • Сферата во Ашија на еврејски
  • Планетата која одговара на тој Сефирот

Започнувајќи од опашката имаме:

  1. Сефира Јесод  (читајќи од вториот крст кон опашката на Змијата):
    • Божествено име кое одговара во Ашија за Јесод: שדי אל חי – Шадаи Ел Кхаи
    • Сефирот:  יסוד – Јесод или Темел
    • Име на Арханѓел на Јесод во Ашија: גבריאל – Габриел
    • Име на Анѓелот на Јесод во Ашија: כרבים – Керубим
    • Сферата во Ашија: לבנה – Леванах или Сфера на Месечината
    • Планета која одговара на Јесод: Месечина
  2. Сефира Ход (читајќи од третиот крст кон вториот):
    • Божествено име кое одговара во Ашија за Ход: אלהים צבאות – Елохим Цабаот
    • Сефирот: הוד – Ход или Сјај
    • Име на Арханѓел на Ход во Ашија: מיכאל – Микаел
    • Име на Анѓелот на Ход во Ашија: בני אלהים – Бени Елохим или Синови на Боговите
    • Сферата во Ашија: כוכב – Кокаб или Сфера на Меркур
    • Планета која одговара на Ход: Меркур
  3. Сефира Неца:
    • Божествено име кое одговара во Ашија за Неца: יהוה צבאות – Тетраграматон Цабаот
    • Сефирот:  נצח‎ – Неца или Победа
    • Име на Арханѓел на Неца во Ашија: האניאל – Ханиел
    • Име на Анѓелот на Неца во Ашија: אלהים– Богови
    • Сферата во Ашија: נגה – Ногах или Сфера на Венера
    • Планета која одговара на Неца: Венера
  4. Сефира Тифарет:
    • Божествено име кое одговара во Ашија за Тифарет: יהוה אלוה ודעת – Тетраграматон Елоа ве Да’ат
    • Сефирот:  תפארת – Тифарет или Убавина
    • Име на Арханѓел на Тифарет во Ашија: רפאל – Рафаел
    • Име на Анѓелот на Тифарет  во Ашија: מלכים – Малаким или Кралеви
    • Сферата во Ашија: שמש – Шемеш или Сфера на Сонцето
    • Планета која одговара на Тифарет: Сонце
  5. Сефира Гебура:
    • Божествено име кое одговара во Ашија за Гебура: אלהים גביר– Елохим Гибор
    • Сефирот:  גבורה – Гебура или Сила
    • Име на Арханѓел на Гебура во Ашија: כמאל – Камаел
    • Име на Анѓелот на Гебура  во Ашија: שרפים – Сарафим или Огнени Змии
    • Сферата во Ашија: מאדים – Мадим или Сфера на Марс
    • Планета која одговара на Гебура: Марс
  6. Сефира Чесед:
    • Божествено име кое одговара во Ашија за  Чесед: אל – Ел
    • Сефирот:  חסד –  Чесед или Милост
    • Име на Арханѓел на Чесед во Ашија: צדקיאל – Цадкиел
    • Име на Анѓелот на Чесед во Ашија: חשמלים– Часмалим или Сјајните
    • Сферата во Ашија: צדק – Цедек или Сфера на Јупитер
    • Планета која одговара на Чесед: Јупитер
  7. Сефира Бина:
    • Божествено име кое одговара во Ашија за Бина: יהוה אלהים>- Тетраграматон Елохим
    • Сефирот:  בינה –  Бина или Разбирање
    • Име на Арханѓел на Бина во Ашија: צפקיאל – Цафкиел
    • Име на Анѓелот на Бина во Ашија: אראלים – Аралим или Тронови
    • Сферата во Ашија: שבתאי – Шабатаи или Сфера на Сатурн
    • Планета која одговара на Бина : Сатурн
  8. Сефира Хокма:
    • Божествено име кое одговара во Ашија за Хокма: יה– Јах
    • Сефирот:  חכמה –  Хокма или Мудрост
    • Име на Арханѓел на Хокма во Ашија: רציאל – Рациел
    • Име на Анѓелот на Хокма во Ашија: אופנים – Ауфаним или Тркала
    • Сферата во Ашија: מזלות – Мазлот или Сфера на Фиксните Ѕвезди
    • Планета која одговара на Хокма: S.S.F. = Sphere of Star Fixed
  9. Сефира Кетер:
    • Божествено име кое одговара во Ашија за Кетер: אהיה – Ехејех
    • Сефирот:  כתר –  Кетер или Круна
    • Име на Арханѓел на Кетер во Ашија: מטטרון – Метатрон
    • Име на Анѓелот на Кетер во Ашија: חיות הקדש – Чаиот ха-Кадош Свети живи суштества
    • Сферата во Ашија: ראשית הגלגלים – Рашит ха-Гилгалим или Сфера на Првиот Двигател
    • Планета која одговара на Хокма: S.P.M. = Sphere of Primum Mobile

Со Кетер завршиве од опашката до главата на Змијата бележејќи го секој збор, секоја магиска формула!Ова е преставување на Дрвото на Животот од тродимензионална слика во дводимензионална (не мора да значи, може Змијата да ја гледате како спирала која се крева нагоре), преставен со сите сили, божествени имиња и симболи!

За упатените ќе забележат дека недостаува Малкут, Кралството! Тоа е така бидејќи Ашија, материјалниот свет, кој што ја опфаќа целата сефира Малкут – е ОСНОВАТА на овој Магиски Круг!

*      *      *

Ова се „чудните“ зборови кои многупати сте ги виделе но никогаш не сте знаеле што значат. Не може да ви кажеме се, но со ова мислиме дека е доволно за да се заинтересирате многу подлабоко да ги изучувате овие работи или воопшто да не се заморувате со ова, бидејќи овие работи никогаш не се изучуваат површно и набрзина! Тука недостасуваат боите на симболите, недостасуваат преводи, значења и атрибуции на истите… Но, тоа не е за секој!

Постојат и иницијантски интерпретации на овие формули, знаци и симболи кои даваат посебна смисла, слика, објаснување на целиот магиски круг кој што може да се искористи за оваа или онаа работа, во зависност од Волјата на самиот Магичар.

Advertisements