Пронаоѓам бесмисла


Пронаоѓам бесмислa

Денот Поминува

Како упорен копаничар

Низ просторот.

Старее

Иако времето е само бесмислено

Одалечување од средето.

Пловењето на РА по небото

Жежи  во земјата

Од која сака да ги роди

Преосвештениците

Кои ја прославуваа неговата слава

Без да ја наречат Време.

Ја нарекуваа траење.

Збор

Катаден е нужен збор

За да се повика

Моќта

Со која

Древните Магови

На светот  форма му даваа.

Fra. Zoroaster

Advertisements