Јога, Алхемија, Астрологија, Кабала, Магика, Ритуали, Тарот, Телема, Философија

За Волјата во философијата на Θελημα


Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон

Во овој краток есеј, би сакал да се обидам да дадам одговор на прашањето: „За каква волја зборуваат оние кои го следат Законот на Телема?“ и „Како до таа Волја“.

Ова се мои размисли, секако не суштински, ниту пак целосно преставени тука и објаснети, но доволно е дадено за да потикне и ти,читателу, да ги пробаш моите размисли на дело и самиот да дојдеш до свој заклучок, кој можеби и ќе биде многу подобар од мојот.
Да започнеме!

На почеток ќе напоменам дека старо-грчкиот зборт Θελημα значи ВОЛЈА!

Нема да дадам цитати од телемитски автори како Кроули, Дукет, Гантер, Казинцки или некој друг познат или непознат телемит за вас.

Не велам да не ги читате делата на овие автори и нивните размисли дадени во книгите кои ги напишале преку својата практична работа за Волјата. Јас само избегнувам да ги искористам дел од нивните размисли за да покажам како моите размисли се точни. Треба да ги читате делата целосно – вие секако ќе разберете онолку колку што сте го прошириле вашиот универзум на спознавање преку теорија и пракса во овие работи. Вашето и моето разбирање на работите може но и не мора да се поклопува при интерпретацијата на симболите дадени во телемитските книги, како и практичната примена на истите.

И еве, мојот прв обид да дадам некое објаснување за Волјата кај Човекот!

Многумина ме имаат прашувано за тоа каква е таа волја за која што се зборува во философијата на Телема. Дали таа волја ги оправдува сите наши дејствија низ животот, дали таа волја е променлива, дали тоа значи да правише што сакаме без да се заморуваме со другите итн. Некои ме прашувале и едно од најбитните прашања: како да ја спознаам таа волја за која постојано зборувал и Кроули и неговите наследници и денешни иницијанти, па и луѓе кои не се иницијанти!

caduceusИмам едноставен, но долг одговор кој што ќе го поделам на два дела. Прво ќе зборувам за тоа што е потребно за спознавање на Волјата, а потоа ќе напишам сосема кратко каква е таа Волја.

Прво и најбитно е ПРАКСА! Мора да се истражете самите себе! Мора да нурнете во вашето море од разни ставови за се околу вас, за разните комплекси кои сте ги граделе несвесно дејствувајќи во животот. Мора да дознаете зошто за било што вие имате било каков став! Потребно е да ги откриете врските кои ги градите и сте ги изградиле со вашето дејствување во универзумот!

За да се постигне ова, оваа прва патека наречена пракса се дели на две патеки: МАГИКА и ЈОГА. Цврсто сум убеден дека единствениот начин кон откривање на вашата Волја е преку овие две навидум спротивни патеки! Нема да дискутирам зошто така мислам.

Како прво, Магиката е патека која ќе го прошири вашиот универзум до максимални граници! Магиката е Уметност да се дејствува во согласност со Волјата која сакаме да ја откриеме.

Со самото практикување на магика, вие полека ќе ја синтетизирате вашата волја која е ЕДНА и ЕДИНСТВЕНА! Тоа е таа волја која вас ве прави тоа што сте во животот. Таа е потикнувачот кој што ве одржува во Живот! Таа волја е Хадит! Огнот што гори во вашите срца! Еден е центарот на секоја Ѕвезда! Една е и волјата која ја турка таа Ѕвезда низ бесконечните пространства на Нуит!

Преку практикувањето на магика вие ќе ја засилите природната врска со се што ве опкружува, а со тоа ќе го засилите вашиот кормилар на бродот – Волјата подобро да управува со вашите дејствија во однос на универзумот.

За да сте пак добри во ова, мора да сте одлични јогини кои доволно добро знаат да седат мирно во својата асана и да држат една мисла доволно долго додека не ја соголат до најмали делчиња истата.

Јогата е другата патека која што секоја идеја ја сведува на една точка, нејзиниот извор! Јогата е праксата која ќе ви дозволи да се спознаете самите себе до најмалиот атом на вашето постоење. Магиката и Јогата, задено, ќе ви ја дадат врската (чиста врска) помеѓу вашето сопство и универзумот во кој имате искуства. Овие две патеки нема да ве однесат до некаква си чиста волја, само ќе ви покажат дека волјата вие сте ја имале, само не била прочистена и засилена од вас!

chakras017gwПраксата значи е магика и јога! Јогата за да се спознаете внатрешно во однос на надворешното, а магиката за да го проширите до максимум вашето постоење приврзувајќи се кон енергиите кои се природни за вас.

Втората работа, која всушност е прва (и единствена работа кај многумина) е теоријата. Не може да имате пракса ако немате теорија. Мора да се запознаете со разните системи кои нудат најразлични пракси. Како профани не може да ви се каже се! Но може да ви се каже доволно! Иницијацијата игра голема улога, но тоа е сосема друга тема. Преку праксата и теоријата секој може да открие дали е за иницијација или не!

Тоа е одлука на секоја Ѕвезда!

Мора да ги научите основните хиероглифи на Мајсторот за да може да ги практикувате неговите пракси, да надминувате за да ја откриете вашата волја и да дејствувате според неа!

Откако разработивме како да се дојде до таа волја, сега би сакал да кажам според мене, каква е таа волја!

Волјата за која се зборува во Телемата е вашата суштина!

Оваа волја е ЕДНА!

Не е мудро да ја мешате со вашите секојдневни желби кон кои итате. Желбите (ако се во согласност со таа ваша волја) се само станици кон максималното искористување на патот по кој што ве турка таа Волја!

thelema

Оваа волја е сржта на вашиот живот, кој што е еден и единствен и кој што се протега надвор од овој земски живот! Оваа волја не е ограничена со вашиот престој на Земјата (видете ја Liber CVI). Не е ограничена во однос на вашите комплекси и не трпи модификации. Чистата волја за која се зборува во Телемата – сте вие самите! Вашата вистинска природа.

Оваа волја го буди Хадит  секое утро да се втурне во бесконечните прегратки на Нуит кон нови искуства кои ќе го задоволат Хадит до максимум. Некои би рекле дека нив ги буди будилникот на масата секое утро!

ДА! Вашата чиста ВОЛЈА е вашиот БУДИЛНИК во животот која ве буди да бидете тоа што сте, а не она што лажно го прикажувате пред другите и себе си, верувајќи дека е вистинската ваша природа!

Волјата за која зборуваме не велиме да ја пронајдете! Па таа не е загубена, таа е само премногу комплексна од вашето несвесно дејствување и вие не може да ја препознаете истата, ниту пак знаете како да и се предадете целосно!

Јас велам да ја искристализирате вашата ЕДНА и ЕДИНСТВЕНА Волја преку двете патеки со кои секој гради врска на внатрешното со надворешното и vice versa: МАГИКА и ЈОГА! Само така може да се постигне оваа „цел“ која ќе ви го олесни патот по кој што одите и ќе ви ги одмори аџиските стапала!

И за крај, би повторил дека ова секој сам различно ќе го разбере според своите искуства и знаења, колку им е проширен нивниот универзум. Тие што имаат допир со мојот универзум, ќе ме разберат многу подобро, нормално. Но како и да разберете, се надевам дека барем малку го осветлив патот во врска со чистата волја за која толку многу пишуваме и се трудиме сите да станат свесни за истата.

Љубов е законот, љубов под волја

Advertisements