Астрологија, Кабала, Магика, Ритуали, Тарот, Телема, Философија

За Симболизмот во LIBER VEL JUGORUM


Следува мал извадок од книгата

LIBER VEL JUGORUM

svb figura III

Погледни го Јаремот врз вратот на Волот! Зарем не е тоа така за да Полето биде изорано? Јаремот е тежок, но ги соединува нив кои се разделени  – Слава на Нуит и на Хадит, и Нему кој што ни го даде Симболот на Розиниот Крст!

Слава на Господарот на Зборот АБРАХАДАБРА, и Слава кон Него кој што ни го даде Симболот на Анкот, и Крстот во Кругот!

Три се Ѕверовите со кои што ти мора да го изораш Полето; Еднорогот, Коњот, и Волот! И овие ти ќе ги спрегнеш во триделен јарем кој што е управувам со Еден Камшик.

Сега овие Ѕверови трчаат диво по земјата и не се лесно покорни  на Човекот.

Ништо нема да биде кажано за Кербер, големиот Ѕвер од Пеколот кој што е секој од овие и сите од овие, исто како што Атанасиј предвидел. Бидејќи оваа работа не е за Тифарет однадвор, туку Тифарет одвнатре.

Дрво на Животот - Тарот атрибуции
Дрво на Животот

I.

Еднорогот е говор. Човеку, владеј со својот Говор! Како инаку ти ќе го совладаш Синот, и одговориш на Магичарот на десната патека од Круната?

II.

Коњот е Дејство. Човеку, владеј со твоето Дејствување. Како инаку ти ќе го совладаш Таткото, и одговориш на Будалата на левата патека од Круната?

III.

Волот е Мисла. Човеку, владеј со твојата Мисла! Како инаку ти ќе го совладаш Светиот Дух, и одговориш на Првосвештеничката на Средниот Пат од Круната?

За Симболизмот во Liber III

Тука ќе дадам мои размисли во врска со симболите дадени во LIBER VEL JUGORUМ кој што ќе остане недовршен и оставен за во иднина да трпи промени.
Ќе забележите дека без проучување на Светите книги во Телемата, без проучување на философијата на Телема, тешко дека ќе добиете вистински патокази што навистина се зборува во овие книги. Затоа, пред да донесете било каков заклучок, запрашајте се колку време сте поминале истражувајќи ја Телемата.

Но, да го започнеме нашиот есеј.

Јаремот е всушност симболот на Вага, со која што владее Венера – можеби ја дава природата на „оваа работа“ до нејзиното исполнување?
Буквата Ламед, патека која ги поврзува Тифарет(Убавина, Сонце) со Гебура(Снага, Марс) на Дрвото на Животот! Тарот карта „Урамнотежување“ – Ату VIII. Во „Книгата на Тот“ се  вели: Оваа карта е женско дополнување на Будалата (Ату 0). Оваа женска божица е Харлекин; таа е партнер и исполнување на Будалата.

Ако ја отворите вашата Liber 777 и ги разгледате табелите ќе добиете многу информации кои ќе ви помогнат во разбирањето на овие симболи и како се поврзани меѓу себе.

Се зборува тука за три Ѕверови, диви и нескротливи за обичниот човек. Трите ѕверови се Еднорог, Коњ и Волот кои може да се спрегнат со триделен јарем управувани со еден Камшик.
Овој триделен јарем е Шин, препишан на Духот (исто и елемент Оган).
Оваа буква е изградена од три Јуд-а (Јуд е Оган во четириделното име или Тетраграматон). Шин по изглед е како распламтен оган со три пламени јазици. Магиската моќ е Волја, што можеби ја дава другата половина од равенката како да се совладаат овие Ѕверови?

Буквата Јуд која ја гради буквата Шин (а и сите други букви од хебрејскиот алефбет) се среќава и во LIBER DCCCXIII VEL ARARITA SUB FIGURA DLXX, која што е во Класа А, поточно, Света Книга во Телемата, за која се вели во Liber CCVII:

This book is an account of the Hexagram and the method of reducing it to the Unity, and Beyond.

ARARITA e нотарикон кој што ако се разложи се добива:

אחד ראש אחדותו ראש יחודותו תמורתו אחד

Achad Rosh Achdotho Rosh Iechudotho Temurato Achad
(Еден е неговиот почеток;
Една е неговата индивидуалност;
неговата пермутација е Еден)

Ако се распоредат буквите во хексаграм, се добива оваа слика:
araritaкаде што Јуд е буквата која стои во средината на хексарагамот.
„ Also he taught me the holy unutterable word Ararita, so that I melted the sixfold gold into a single invisible point, whereof naught may be spoken.“
—LIBER CORDIS CINCTI SERPENTE  SUB FIGURÂ אדני

Во истата Книга LXV стои:
„14. All this while did אדני pierce my being with his sword that hath four blades; the blade of the thunderbolt, the blade of the Pylon, the blade of the serpent, the blade of the Phallus.“
Thunderbolt е א (Алеф).
Pylon е ד (Далет).
Serpent е נ (Нун).
Phallus е י (Јуд).

Во „Книгата на Законот“ стои и ова:
„Четири порти водат кон една палата; подот на таа палата е од сребро и злато; лапис лазули и јаспис се таму; и сите ретки мириси; јасмин и роза, и симболите на смртта. Нека тој влезе наизменично или одеднаш на четирите порти; нека застане на подот од палатата.“
— Книга на Законот, I:51

Целта на оваа дигресија беше да се покаже поврзаноста, на повеќе нивоа, помеѓу Светите Книги на Телемата и различните пракси кои помагаат во совладување на препреките и го прошируваат универзумот на Магичарот, но исто така и го концентрираат во Една Точка!

Ако го разгледате симболот на Пентаграмот и елементите, од друга страна, ќе откриете многу за Духот. Со додавање на Шин во името на Богот од Стариот Еон на пример, се доби Јуд Хе Шин Вав Хе што некои го прочитаа како Јехешуа. Денес сето тоа е изменето и симболот на стариот Бог е заменет со нов, што не е тема на овој есеј.

Едниот Камшик кој што се споменува е буквата Ламед, од хебрејскиот алефбет, за кој зборувавме погоре.

Во Liber 777 ги имаме овие податоци за „ѕверовите“:

  1. Еднорогот е препишан на сефирата Чесед (Милост), елемент Вода. За еднорогот читаме погоре дека ако се совлада и загосподари со него, лесно ќе се загосподари со Синот (Вав, Руах, итн), едно од имињата на Тифарет и ќе се одговори на Магичарот (Ату I), патеката од Бина(Разбирање) преку Бет(Меркур) до Кетер(Круната). Бина(Разбирање) е Коренот на Вода.
  2. Коњот е препишан на патеката Самек (ги поврзува) сефиротите Јесод(Темел) и Тифарет(Убавина). Самек е Стрелец во астрологијата со кој владее Јупитер. Елемент Оган.
    Тарот карта „Уметност“ – Aту XIV.
    Со совладување на Коњот ќе може да го совладате Таткото, едно од имињата на сефирата Хокма или Мудрост, која преку Будалата (Ату 0), елемент Воздух е повзрана со Кетер(Круна). Хокма е Коренот на Оган.
  3. Волот е препишан на патеката Алеф, Воздух која ја споменавме во врска со симболот на Коњот. Тука во Liber III, Волот е препишан на Гимел, патеката која ги поврзува Тифарет(Убавина) и Кетер(Круна) по Средниот Столб. Гимел е Ату II, Првосвештеничка, Месечина. Ова е божицата Артемида. Ова е патека која директно го врзува Кетер со Тифарет, Синот, Вав.
    Месечина пак од друга страна е деветата сефира, Јесод(Темел), елемент Воздух.
    Некои велат дека со совладување на Еднорогот и Коњот, се гради Волот, како нивно дете. Првосвештеничката ги урамнотежува Таткото и Синот во Светиот Дух.

Симболизмот е бесконечен тука. И без пракса и изучување на езотериските симболи, ништо од ова не треба да се зема за конечна и апсолутна вистина во врска со симболите. Ова се сепак мои размисли, ваша задача е да се сомневате и проучувате. Секако, со текот на времето, јас ќе ги променам моите знаења и разбирања за постигнување поголема мудрост.
Не секогаш мирниот кас на Коњот, или правото „орање“ со Волот, како и „волшебното“ дејство на Еднорогот се постојани! Тахути секогаш мора да биде на клунот на лаѓата во својот сјај – парафраза од Liber CC!
Ако се потсетиме дека Кроули за Liber Resh зборуваше дека се изведува секојдневно, четирикратно, до крајот – не било залудно. Само треба да го прочитате уште еднаш дополнителното објаснување за овој ритуал.

 Забелешка

Ова е само извадок од Liber III(мој скромен превод) со мали описи на симболите онака како што јас ги разбирам, во кој што праксите се намерно испуштени. Целата книга може да ја прочитате на овој линк.

Ве советувам да не се обидувате да ги изведувате праксите, тие се наменети за оние кои подолго време се на Патеката.  Ако сепак решите, ваша е одговорноста за последиците од овие пракси! Препорачано е да сте добро запознаени со кабалата и езотериските симболи, да сте доволно долго практикувале магика и јога. Без ова, осудени сте на пропаст ако се обидете да ги изведувате овие пракси.

Fra. צדיק

Advertisements